Инфантино се извини за грешките, но останува претседател на ФИФА
Џани Инфантино се извини за грешките поврзани со контроверзниот план дел од натпреварувањата под капата на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) да им се продаде на приватни инвеститори, но ќе остане претседател на светската фудбалска организација, откако доби поддршка од највисокото раководство на состанокот во Рабат, Мароко. По сè погласните критики за неговата идеја – од која, според медиумите, во меѓувреме …
Continue Reading
(Видео) Фудбалер загина од удар на гром за време на фудбалски натпревар во Тајланд
Фудбалски натпревар во Тајланд заврши со трагедија откако гром удри на теренот, при што загина 24-годишниот фудбалер Сафван Авае, а уште 12 играчи се здобија со повреди и изгореници. Снимките од натпреварот го покажуваат моментот кога силен блесок го осветлува теренот додека двете екипи играат на силен дожд. По ударот на громот настанале пламен и чад, а играчите и гледачите …
Continue Reading
Луис Фиго: Инфантино мора веднаш да замине
Легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго го повика претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да ја напушти функцијата и во авторска колумна за „Дејли мејл“ упати низа сериозни обвинувања против првиот човек на светската куќа на фудбалот. Фиго, кој во минатото требаше да биде противник на Инфантино на претседателските избори на ФИФА во 2016 година, но подоцна се откажа, верува дека сегашниот …
Continue Reading
Реал го заврши најскапиот трансфер во клупската историја
РБ Лајпциг ја доби сакната сума за Јан Диоманде. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе стане најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид. „Атлетик“, објави дека сите детали околу трансферот се договорени, се чека само тој да биде официјализиран. Според овој извор, но и според новинарот на „Скај Спорт“, Патрик Бергер, трансферот треба да вреди помеѓу 130 и 140 …
Continue Reading
Ромеро го одби Интер, посакува трансфер во Атлетико
Атлетико Мадрид ја подготвува првата понуда до Тотенхем за Кристијано Ромеро во износ од околу 30 милиони евра. Аргентинскиот репрезентативен стопер го претпочита мадридскиот клуб пред Интер и сака трансфер, а ова е нов обид на Атлетико да го доведе играчот што тренерот Диего Симеоне долго го следи. Клубот се подготвува да го реализира трансферот со продажба на Матео Руџери …
Continue Reading
(Фото) Иџе со нов предизвик: Прв македонски возач кој ќе настапи со прототип болид, го тестираше на Водно
Европскиот автомобилски шампион Игор Стефановски – Иџе, започнува ново поглавје во својата богата тркачка кариера. По освоените европски титули и бројните успеси на најпознатите ридски патеки, оваа сезона тој ќе настапува со прототип болид, најмоќната и најпрестижната класа во ридскиот автомобилизам. Со овој историски чекор, Стефановски станува првиот македонски возач што ќе се натпреварува со прототип болид на официјални меѓународни …
Continue Reading
Мицкоски на промоцијата на новиот тркачки болид на Иџе: Македонското знаме да продолжи гордо да се вее на победничките подиуми низ светот
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоцијата на новиот тркачки болид на македонскиот трофеен автомобилист Игор „Иџе“ Стефановски. „Ми беше чест да бидам дел од овој посебен момент и да дадам поддршка на еден од најголемите амбасадори на македонскиот автомобилизам. Му посакувам многу здравје, безбедни трки, уште повеќе победи и трофеи, а македонското знаме да продолжи гордо да се развева …
Continue Reading
Ливерпул ќе почне преговори со ПСЖ за Мбаје
Ливерпул, покрај за Бредли Баркола, сериозно се заинтересирани и за крилниот напаѓач Ибрахим Мбаје. 18-годишниот талент сака да го напушти ПСЖ, откако јасно им стави до знаење на клупските челници дека сака повеќе да минува време на теренот. „Црвените“ се сериозни во намерите да го реализираат трансферот и се очекува наскоро да започнат преговори со ПСЖ, кои се подготвени да …
Continue Reading
Арсенал за 87,5 милиони евра го заврши трансферот на Бруно Гимараеш
Арсенал и Њукасл постигнаа договор, во врска со трансферпт на Бруно Гимараеш. Актуелниот англиски првак за услугите на Бразилецот ќе плати 87,5 милиони евра. Бруно Гимараеш беше голема желба на менаџерот Микел Артета. Тој го идентификуваше 28-годишниот играч од средниот ред како клучно засилување за тимот што ја освои Премиер лигата минатата сезона. За трансферот на Гимараеш на стадионот „Емирати“ …
Continue Reading