Ливерпул ќе почне преговори со ПСЖ за Мбаје


13528376.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ливерпул, покрај за Бредли Баркола, сериозно се заинтересирани и за крилниот напаѓач Ибрахим Мбаје. 18-годишниот талент сака да го напушти ПСЖ, откако јасно им стави до знаење на клупските челници дека сака повеќе да минува време на теренот.


„Црвените“ се сериозни во намерите да го реализираат трансферот и се очекува наскоро да започнат преговори со ПСЖ, кои се подготвени да го продадат својот млад играч. Иако сè уште не е испратена официјална понуда, Мбаје наводно е исклучително заинтересиран за преселба на „Енфилд“.

Задачата нема да биде лесна, бидејќи Ливерпул се соочува со сериозна конкуренција. Баер Леверкузен веќе влегоа во директни преговори со раководството на ПСЖ.

Германскиот клуб беше блиску до договор, но се чини дека младиот напаѓач сега дава приоритет на преселба во Ливерпул и сака да ги разгледа сите опции пред да донесе одлука.

Добрите односи меѓу челниците на двата клуба, Насер Ал-Келаифи и Фернандо Кар, му даваат на Леверкузен одредена предност во преговорите. Астон Вила и Тотенхем се исто така заинтересирани за сенегалскиот репрезентативец, кого медиумите го нарекуваат африкански „феномен“.

Мбаје пристигна во ПСЖ како 10-годишник од нисколигашкиот тим Версај и помина низ сите возрасни категории на клубот. Тој се проби во првиот тим во сезоната 2024/25, а минатата сезона постигна три гола на 24 настапи во Лига 1. Познат по својата експлозивна брзина, дриблинг и високото темпо и фудбалер кој подеднакво добро ги покрива двете крилни позиции.

Иако претежно играше споредна улога на неодамнешното Светско првенство со Сенегал, Мбаје успеа да се истакне во ограничените минути што ги доби (160 минути во 4 натпревари). Токму тој го постигна единствениот гол против Франција во поразот од 3-1, каде прво го исфрли Тео Ернандез од игра, а потоа со моќен удар го совлада Мајк Мењан.

Тој одлучи да си замине поради жестоката конкуренција во Париз, каде што тешко се наоѓаат можности. Ситуацијата е дополнително комплицирана од фактот дека ПСЖ активно бара нови крила, според медиумите блиску до потпис е Магнес Аклиуш од Монако.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK