Чави се предомисли, останува на клупата на Барселона
Чави Ернандез и наредната сезона ќе ја предводи екипата на Барселона. Клупските челници од стадионот „Камп Ноу“ и Чави имаа средба во текот на денот и се договориле нивната соработка да продолжи. Договорот бил постигнат во вилата на претседателот Џоан Лапорта. Чави пред неколку месеци најави дека ќе си замине на крајот на сезоната, но се предомисли. Шпанските медиуми пренесуваат …
Continue Reading
Претседателот на Ла Лига јавно кажа дека е навивач на Реал
Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас отворено призна дека навива за Реал Мадрид во интервју за „Експансион“. Овој факт е познат од поодамна, но сега за прв пат е и јавно потврден. Овој детал Тебас го откри додека го коментираше евентуалниот трансфер на Килијан Мбапе во Реал. „Прво и основно, сето ова го кажувам како навивач на Реал Мадрид. …
Continue Reading
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал. Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино. Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ. Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите …
Continue Reading
Судот одлучува за фантомскиот гол на Јамал? Лапорта ќе поднесе тужба против РФЕФ
Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправдата на Ел Класико. Ова значи дека судот треба да пресуди дали топката по ударот на Ламине Јамал ја минала гол-линијата. Барселона, во неделата, доживеа пораз во Мадрид од Реал (3:2). Фантомскиот гол на Ламине Јамал се уште е тема на шпанските медиуми, но и ситуација од која …
Continue Reading
Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао
Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години. Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни …
Continue Reading
Арне Слот преговара со Ливерпул
Ливерпул напорно работи да го најде наследникот на Јирген Клоп, а последен кандидат е Арне Слот. Тренерот на Феенорд бележи одлични резултати со холандскиот тим кој го привлече вниманието на великанот од „Енфилд“. Феенорд, сезонава е на второто место во првенството, додека лани беше шампион, минатиот викенд го освои трофејот во Купот на Холандија. Според добро информираниот Фабрицио Романо, веќе …
Continue Reading
Тајрис Мекси „најмногу напредувал“
Тајрис Мекси од Филаделфија Севентисиксерс најмногу напредувал оваа сезона. Мекси, во изборот за оваа награда, во која гласаат 100 претставници на медиумите, доби вкупно 319 поени, само 14 повеќе од второпласираниот Коби Вајт од Чикаго Булс. Третото место му припадна на турскиот центар Алперен Шенгун од Хјустон Рокетс, на кого шансата да ја добие наградата му ја уништи повредата, поради …
Continue Reading
Барселона го продава Де Јонг
Фудбалскиот клуб Барселона го подготвува трансферот на Френки де Јонг. Клубот ќе ги разгледа понудите на заинтересираните за услугите на Холанѓанецот. Де Јонг поради повреда ја заврши сезоната, па не е исклучено дека настапот во Ел Класико (во неделата Барселона загуби 3:2 од Реал), да биде негиот последен меч во дресот на Барселона. Локалните медиуми тврдат дека Чави Ернандез и …
Continue Reading
Шпанскиот суд ја блокираше сметката на Пике
Шпанскиот суд нареди замрзнување на банкарската сметка на компанија со која раководи Жерар Пике, додека трае истрагата за бизнис зделката за преместување на Суперкупот во Саудиска Арабија. Судот ги потврди извештаите на локалните медиуми дека истражниот судија Делија Родриго постапил по барањето на државниот обвинител за замрзнување на банкарска сметка на компанијата „Космос“, чии основач и управител е Пике. Шпанската …
Continue Reading