Струга ги врати Шкупи и Шкендија во борба за титулата, реми во скопското дерби, Вардар загуби во Струмица
Шкендија и Шкупи го искористија поразот на Струга и се вратија во борбата за шампионската титула. Шкендија на домашен терен убедливо го порази Гостивар со 4:1, Шкупи со пресврт и со гол во 97.минута славеше над Тиквеш, а бранителот на трофејот Струга загуби од Силекс 2:3, и покрај тоа што имаше водство од 2:0. По 29 рунди Струга и Шкупи …
Continue Reading
(Видео) Арсенал го доби Тотенхем во градското дерби
Фудбалерите на Арсенал успешно ја продолжуваат трката за титулата во Премиер лигата. „Топџиите“, гостуваа кај најголемиот ривал Тотенхем и славеа драматична победа во дербито на северен Лондон. Натпреварот на стадионот на Тотенхем заврши со резултат 2:3 (0:3). Арсенал со оваа победа ја зголеми предноста на врвот на табелата на четири бода од второпласираниот Манчестер Сити, но шампионот на Англија има …
Continue Reading
Шпанија пред ЕУРО 2024 се соочува со казна од ФИФА и УЕФА
УЕФА внимателно ја набљудува ситуацијата во Фудбалскиот сојуз на Шпанија и би можела да реагира со исфрлање на шпанските клубови од нивните натпреварувања, објави „АС“ минатата недела. Ако политиката се вклучи во фудбалот, тоа може да биде казна за која ќе размислува највисокото фудбалско тело во Европа. За потсетување, Барселона сака да го тужи националниот сојуз (РФЕФ) за она што …
Continue Reading
(Видео) Интер во историски натпревар со триумф над Торино го прослави Скудетото
Фудбалерите на Интер пред своите навивачи, со победа на Торино (2:0) на најдобар начин ја прославија 20. шампионска титула, која математички ја обезбедија минатата недела. Натпреварот влезе во историјата на италијанскиот фудбал, бидејќи женска судиска тројка ја делеше правдата. 🏆❤️ Torino give a guard of honour to the Serie A champions Inter! Respect. 🇮🇹 pic.twitter.com/X2lancJRx5 — EuroFoot (@eurofootcom) April 28, …
Continue Reading
Покетино: ВАР го нарушува имиџот на англискиот фудбал
Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека употребата на ВАР технологијата го нарушува имиџот на англискиот фудбал. Аргентинецот ова го изјави по натпреварот во Бирмингем, каде на Челси против Астон Вила му беше поништен гол за победа во 95.минута. Челзи, на „Вила Парк“, губеше со 2:0, се врати во мечот со головите на Мадуеке и Галагер, а во петтата минута …
Continue Reading
(Видео) Два гола и две асистенции, Меси го реши Њу Ингланд
Фудбалерите на Интер Мајами ја продолжија победничката серија во МЛС лигата, а Меси ја продолжи голгетерската серија. Избраниците на Херардо Тата Мартино славеа над Њу Ингланд со резултат 4:1 на гостински терен, во рамките на 11. коло и ја задржаа лидерската позиција во Источната конференција. Ова беше шести триумф за Интер сезонава, за него најзаслужен беше Лионел Меси, двоен стрелец …
Continue Reading
Порто го смени претседателот по 42 години
Хорхе Нуно Пинто повеќе не е претседател на Порто, а на негово место е избран поранешниот тренер на овој клуб Андре Вилаш Боаш. Новиот претседател доби дури 80 отсто од гласовите, со што заврши најдолгата претседателска ера во светот на фудбалот. -„Порто повторно е слободен“, изјави Вилаш Боаш откако беше избран. Хорхе Нуно Пинто, беше претседател на трофејниот клуб од …
Continue Reading
(Видео) Скандал во Подгорица – голманот на Будуќности нокаутира соиграч
Будуќност и Сутјеска ремизираа 2:2 во најголемото црногорско дерби. Натпреварот остана во сенка на инцидентот што се случи неколку минути по последниот свиреж на судијатај. Играчите на Будуќност, по завршувањето на натпреварот застанаа пред северната трибина, беа на рапорт кај навивачите кои од нив побараа да ги соблечат дресовите. Тогаш голманот Ѓорѓије Павличиќ го нокаутираше соиграчот Игор Ивановиќ. Павличиќ потоа …
Continue Reading
(Видео) Челси на „Вила парк“ се врати од 0:2, ВАР му ја украде победата во 96.минута
Астон Вила и Челси ремизираа 2:2 во 35.коло во Премиер лигата. Вила имаше предност од 2:0, Челси се врати во вториот дел, а целосен пресврт не дозволи ВАР и судијата Крег Полсон. Астон Вила ги надигра гостите од Лондон во првото полувреме и на паузата замина со предност од два гола. Марк Кукуреља во четвртата минута си постигна авто-гол, а …
Continue Reading