(Видео) Јаго Аспас ја нокаутира Валенсија, Димитриевски од клупата го гледаше поразот на „лилјаците“

Фудбалерите на Селта ја победија Валенсија на „Балаидос“ со 3:1, во првиот натпревар од второто коло во Примера. Македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски поразот на својот тим го гледаше од клупата за резерви. Селта во новата сезона влезе со две победи, ваков старт клубот од Виго немал девет сезони. За разлика од Селта, Валенсија во сезоната влезе со два порази. Легендата …

Continue Reading

Атлетико го договори Ленгле, за да го регистрира тројца ќе мора да си заминат

Хулијан Алварез, Конор Галагер, Робин Ле Норманд, Александер Серлот и од вечерва Клемон Ленгле (29). Динамичниот летен преоден рок во Атлетико Мадрид доби нова епизода. Францускиот стопер ќе се пресели од Барселона во Атлетико, објави мадридски „Диарио Ас“, повикувајќи се на извори во „Метрополитено“. Според овој извор, Ленгле стоперот кој игра со лева нога, на што инсиситрал тренерот Диего Симеоне, …

Continue Reading

Словенците ја пензионираа „тројката“ на Драгиќ

Кошаркарскиот сојуз на Словенија го повлече дресот со број три, во чест на поранешниот капитен на репрезентацијата, Горан Драгиќ. Драгиќ го освои Европското првенство во 2017 година со репрезентацијата на Словенија, а тој беше прогласен и за најкорисен играч на ЕП. Тој беше член на третата најдобра петорка на НБА во 2014 година и беше прогласен за Ол-стар за 2018 …

Continue Reading

Лион ги стави на продажба сите фудбалери

Фудбалскиот клуб Олимпик Лион се наоѓа во многу тешка ситуација. На една недела пред крајот на летниот преоден рок, речиси сите играчи на Лион се ставени на трансфер листата. Клубот за да го испочитува финансискиот фер-плеј има рок уште една едела да собере 100 милиони евра. „Л’Екип“, објави дека клубот на сите фудбалери им испратил порака дека сите се на …

Continue Reading

Синер отпушти двајца блиски соработници

Јаник Синер, светскиот тенисер број еден, ја прекина соработката со фитнес тренерот Умберто Ферара и физиотарапевтот, Џакомо Налди. Синер реагираше на ваков начин, откако пред три дена беше отриекни дека во март, два пати бил позитивен за забранетата супстанца клостебол. „Ферара и Налди не беа со Синер изминатите недели, но сега се знае дека тоа е трајна, а не привремена …

Continue Reading

Рома има договор со Дансо, Ленс бара 25 милиони евра

Откако успеаја да го задржат Паоло Дибала, челниците на Рома бараат засилување во централниот дел од одбраната. Изборот на клупските челници е австрискиот репрезентативец Кевин Дансо. Во ттекот на преодниот рок, Дансо се поврзуваше со Аталанта, но според италијанските медиуми, дефанзивецот решил да ја засили Рома. Според овие извори тој постигнал вербален договор со „волчицата“. Сега останува потешкиот дел за …

Continue Reading

Гундоган се врати на „Етихад“

Поранешниот фудбалер на Барселона, Илкај Гундоган (33) од денеска и официјално е член Манчестер сити. „Граѓаните“ објавија дека Гундоган потпишал едногодишен договор, со опција договрот да биде продолжен и за сезоната 2025/2026. Гунфоган се врати во клубот чии дрес го носеше од 2016 до 2023 година, а во сезоната 2022/2023 како капитен го предводеше Сити до тројната круна. Играчот од …

Continue Reading

Синот на славниот Мик Дуан доби место во Формула 1

Алпин го потврди составот на возачите за следната сезона. Покрај Пјер Гасли ќе вози Џек Дуан. Момчето чиј татко е легендарниот шампион во Мото ГП, Мик Дуан, е тест возач на Алпин оваа сезона. Тимот објави дека 21-годишниот Австралиец следната сезона ќе го замени Естебан Окон и ќе вози покрај Пјер Гасли. Дуан помладиот минатата сезона беше во јуниорскиот тим …

Continue Reading

(Видео) Како може ова да не е гол!?

Фудбалерите на Челзи не блескаа, но на крајот ја победија екипата на Сервет (2:0) во првиот натпревар од плеј-офот за пласман во групната фаза од Конференциската лига. Лајт-мотив од овој натпревар е неверојатното промашување на новиот напаѓач на Челзи, Марк Гу, кој не успеа да ја смести топката во празна мрежа. Шпанецот во 53. минута му ја украде топката на …

Continue Reading