Баерн отпишал седум ѕвезди чија вкупна вредност е 340 милиони евра
Сезоната за Баерн заврши со дебакл. По 11 последователни титули, во Бундеслигата заврши на третото место, во Купот доживеа елиминација во осминафиналето од второлигашот Сарбрикен, а во Лигата на шампионите во полуфиналето од Реал. Челниците на најтрофејниот германски клуб ги кројат плановите за летниот преоден рок. Тренерот Томас Тухел заминува, а според најтиражниот германски весник ќе го следат дури седум …
Continue Reading
Стефано Пиоли повеќе не е тренер на Милан
Стефано Пиоли повеќе не е тренер на Милан. Му пресудија не толку добрите резултати оваа сезона. Милан заврши втор во Серија А, но со голем минус во однос на шампионот Интер, не успеа да излезе од групата во Лигата на шампионите, а во Лига Европа, доживеа елиминација во четвртфиналето од Рома. „Чао мистер, Сакам да ти кажам дека се сеќавам …
Continue Reading
Грчки и турски навивачи го „окупираа“ Берлин
Вечерва во „Убер арена“ во Берлин ќе започне завршниот турнир во кошаркарската Евролига. Актуелниот шампион Реал ќе се обиде да ја одбрани титулата во конкуренција на Фенербахче и грчките гиганти Олимпијакос и Панатинаикос. Првото полуфинале ќе започне во 18 часот, ќе играат Панатинаикос и Фенербахче, три часа подоцна во реприза на финалет од мината сезона ќе се сретнат Реал и …
Continue Reading
Жиру ќе се повлече од националниот тим
Оливие Жиру на Европското првенство ќе ги одигра последните натпревари во дресот на Франција. 37-годишникот кој од наредната сезона ќе игра за Лос Анџелес ФК реши да стави крај на кариерата во репрезентацијата. „За мене репрезентативната приказна ќе заврши по Европското првенство. Мора да им оставиме простор за младите играчи“, изјави меѓу другото напаѓачот за „Лекип“. Од своето деби за …
Continue Reading
(Видео) Со солзи во очите Клаудио Раниер замина во пензија
Каљари во минатато коло обезбеди опстанок во Серија што беше главна цел на екипата од Сардинија, која од клупата ја предводи легендарниот Клаудио Раниери. Синоќа 72-годишникот последен пат во кариерата водеше една екипа на фудбалскиот терен. Со солзи во очите тој замина во пензија. Каљари ја пречека Фиорентина, натпреварот заврши со победа на гостите од Фиренца 2:3. Виола постигна гол …
Continue Reading
(Видео) Браун броеше до 40, Бостон води против Индијана 2-0
Кошаркарите на Бостон ја победија Индијана со 126:110. Селтикси поведоа со 2-0 во финалето на Источната конференција во НБА лигата. За разлика од првиот натпревар од оваа серија, кој беше решен по продолжението, Бостон во вториот не дозволи возбудувања, па по првата четвртина стекна двоцифрена предност која лесно ја одржуваше во останетите три четвртини. Индијана водеше со 27:22 на нешто …
Continue Reading
Спалети го објави спискот на Италија
Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучано Спалети денеска го објави поширокиот список на играчи за претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во Германија. Италија ја брани титулата европски првак, која ја освои во 2021 година. „Азурите“ до почетокот на Европското првенство ќе одиграат пријателски натпревари со Турција и Босна и Херцеговина. Повик од селекторот не добија Џиро Имобиле и …
Continue Reading
Спектакл на почетокот на „Ролан Гарос“, Надал против Зверев – Ѓоковиќ во првото коло против Ербер
Попладнево во Париз со ждрепка е одреден костурот за вториот грен слем турнир во сезоната, Ролан Гарос. Апсолутно дерби во првото коло ќе биде дуелот меѓу Рафаел Надал, кој настапува со специјална покана од организаторот и четвртиот тенисер на АТП листата, Александар Зверев. Зверев и Надал последен пат на Ролан Гарос играа во 2022 година. Надал успеа да се пласира …
Continue Reading
Баерн се уште заработува од трансферот на Левандовски
Баерн Минхен се уште заработува од трансферот на Роберт Левандовски. Полјакот летото 2022 година од Баерн се пресели во Барселона. Барселона за Левандовски плати 45 милиони евра. Во договорот што го потпиша постои клаузула дека Баерн ќе добива бонус од 1,25 милиони евра за секоја сезона во која ќе постигне најмалку 25 голови. Минатата сезона, кога Барселона ја освои Ла …
Continue Reading