„Во постојан контакт сум со Михаел Шумахер“
Жан Тод, поранешен шеф на Ферари, вели дека е во постојан контакт со Михаел Шумахер, седумкратниот светски шампион. Славниот Германец пред 11 години падна на скијање во француските Алпи, доживеа тешка повреда на главата и оттогаш неговата здравствена состојба е обвиткана со мистерија. „Јас сум во редовен контакт со Мајкл и неговото семејство. Тие се дел од мојот живот. Семејството …
Continue Reading
(Видео) Хорхе Мартин заврши во болница по падот на тестирањето во Сепанг
Ноќта меѓу вторникот и средата по средноевропско време се одржа тестирање на малезиската патека „Сепанг“ во пресрет на новата сезона во Мото ГП. Хорхе Мартин, возачот на Априлија и актуелен шампион во „кралската класа“, падна во вториот свиок и силно удри со главата на патеката, откако се најде високо во воздухот бидејќи изгуби контрола над моторот. Се известува дека Мартин …
Continue Reading
(Видео) Имамов брутално го нокаутира Адесања
Во Ријад се одржа нов спектакл на УФЦ, а борбата на вечерта беше меѓу Израел Адесња и предизвикувачот Насурдин Имамов. Публиката уживаше во борбата и во нокаутот на Имамов, кој со серија удари го фрли на подот славниот Адесања. На средината од втората рунда, францускиот борец со силен удар го погоди во брадата својот противник, а потоа продолжи да го …
Continue Reading
Данска ќе го бранат светското злато, во полуфиналето ја декласираа Португалија
Ракометарите на Данска ја декласираа Португалија со резултат 40:27 (20:16) во полуфиналето на Светското првенство. Актуелниот светски и олимписки шампион славеше во Осло каде в недела од 18 часот ќе игра во финалето против Хрватска. Од 15:00 часот Португалија игра со Франција за бронзениот медал. Данците беа големи фаворити во дуелот со Португалија, најголемото изненадување на шампионатот, кои не можеа …
Continue Reading
Светски шампиони во уметничко лизгање меѓу патниците во урнатиот авион
Патнички авион на Американ ерлајнс со 64 лица се судри со воен хеликоптер во близина на Вашингтон, главниот град на САД, а потрагата по преживеани се уште трае. Двете летала завршија во реката Потомак, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги потврди тврдењата на руската државна агенција ТАСС дека во авионот се превезувале Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, светски шампиони …
Continue Reading
Луис Хамилтон излета од патеката за време на приватниот тест на Ферари во Барселона
Луис Хамилтон излета од патеката за време на приватниот тест на Ферари во Барселона. Седумкратниот шампион во Формула 1 излетал неповреден, а инцидентот се случил додека Британецот го минувал третиот сектор на патеката во Каталонија. Поранешниот возач на Мекларен и Мерцедес удри во бариера во неговиот модифициран болид СФ-23. Помина без посериозни последици во инцидентот, но неговиот болид претрпе оштетувања. …
Continue Reading
Розберг: Нема подобар од Хамилтон
Нико Розберг, поранешниот светски шампион во Формула 1, очекува интересна ситуација во Ферари во новата сезона. Тимски колеги во Ферари ќе бидат Луис Хамилтон, седумкратен светски шампион и Шарл Леклер. „Шарлс ќе биде на исто ниво како Џорџ Расел минатата година“, изјави Розберг и додаде: „Тие се секако најдобрите млади возачи. Се разбира, не го сметам Макс Ферстапен, кој е …
Continue Reading
(Фото+Видео) Нестварни сцени од Фиорано, Хамилтон седна во болидот на Ферари
Луис Хамилтон претпладнево прв пат седна во болидот на Ферари. Поради правилата на Формула 1, го возеше болидот од 2023 година. За тифозите, кои во огромен број пристигнаа во Фиорано, ова беше повеќе од обичен тренинг. Седумкратниот светски првак, Луис Хамилтон на 1.јануари официјално стана член на Ферари. Пред два дена Британецот пристигна во базата на Ферари, се запозна со …
Continue Reading
Дукати го претстави Дезмоседичи за 2025
Тимот на Дукати, во Мадона ди Кампиљо, го претстави новиот нотоцикл за сезоната 2025. За Дукати ќе возат Марк Маркез и Франческо Бањаја. Во споредба со минатата сезона, овогодинешниот Дезмоседичи претставува еволуција на претходните модели, а во однос на изгледот нема речиси никакви измеми, преовладува црвената боја со примеси на црна. Дукати остана без титула минатата сезона, барем што се …
Continue Reading