Ланишек леташе до првото место во Гармиш
Словенецот Анже Ланишек ја оствари шестата победа во кариерата, откако во Гармиш го освои првото место на турнејата „Четири скокалници“. Ланишек победи со 295,8 поени и беше пред Јапонецот Рјоју Кобајаши (292,6) и Германецот Андреас Велингер (291,4). Ланишек беше прв и во квалификациите, во првата рунда тој прескокна 136 метри со 144,6 поени, додека во втората прескокна 137 метри со …
Continue Reading
Поранешниот светски првак во велосипедизам ја убил својата сопруга
Австралија е меѓу првите земји во светот што влезе во новата 2024 година, но прославата ја засени веста дека поранешниот светски шампион во велосипедизам Рохан Денис, во Адеалида е уапсен и обвинет за убиство на својата сопруга. Медиумите во Австралија објавија дека поранешниот светски шампион е уапсен и дека тој е првоосомничен за убиството на неговата сопруга. Според извештаите кои …
Continue Reading
Велингер победи во Оберстдорф, Гранеруд остана без шанси да ја одбрани титулата
Foto/ EPA Германецот Андреас Велингер победи на првата станица на 72. издание на Новогодишната турнеја. Пред домашната поблика во Оберстдорф, Велингер победи пред Рјоју Кобајаши и тефан Крафт. Велингер беше најдобар во квалификациите и добрата форма ја потврди и самиот натпревар. ПОбеди со скоовите од 139,5 и 128 метри. Освои 309,3 поени, три повеќе од Кобајаши кој имаше скокови од …
Continue Reading
(Видео) Одемарт ја растури конкуренцијата во Бормио
Швајцарецот Марко Одермат продолжува да доминира во Светскиот куп во скијање. Тој забележа убедлива победа на трката во супер-џи во Бормио. Во својата осма трка оваа зима, 26-годишниот Одермат стигна до својата трета победа и седми подиум. Беше најбрз за 1:27.72, далеку пред останатите. Со заостанување од 0,98 секунди, втор беше Австриецот Рафаел Хасер, а трет Александер Омот Килде. Во …
Continue Reading
Новогодишни пакетчиња од „Спорт Лајф“ за децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби
Обложувалниците „Спорт Лајф“ ја продолжија традицијата од последните неколку години и годинава им подарија новогодишно пакетче за децата од социјално ранливата категорија и лицата со попреченост. Од тимот на „Спорт Лајф“ во празнична атмосфера и заедничко дружење беа поделени вкупно 114 пакетчиња, во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Куманово, во Здружението на Регионалниот центар за лица со интелектуална Попреченост „Порака …
Continue Reading
(Видео) Сарацин најбрз во Бормио, Шварц се повреди
Сипријен Сарацин победи во спуст трка во Светскиот куп. Французинот ја победи конкуренцијата во Бормио, Италија. Ова е втора победа во кариерата на Сарацин и прва по пауза од седум годони, кога славеше во велеслаломската трка во Алта Бадија. Трката ја обележа повредата на Марко Шварц, кој во Бормио дојде по победата во слалом во Мадона ди Кампиљо и како …
Continue Reading
Стартува Новогодишната турнеја, Гранеруд го брани „Златниот орел“
Денес стартува едно од најпрестижните натпреварувања во светот на спортот, Новогодишната турнеја, Четири скокалници. Турнејата има четири станици: Оберстдорф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен. Четири од најпознатите ски скокалници во светот ги делат нешто повеќе од 400 километри, а натпреварувањето на нив се одвива во текот на 10 дена. Традиционално, турнејата се отвора во Оберстдорф на 28 декември, кога се закажани …
Continue Reading
Хорнер: Ако Чеко ги оправда очекувањата ќе остане и во 2025 година
Ред Бул доминира во шампионатот во Формула 1. Макс Верстапен ја освои третата титула по ред, а австрискиот тим две години по ред е најдобар во конкуренција на конструктори. Ред Бул и во 2024 година влегува со истите возачи, светскиот првк Макс Ферстапен и Серхио Перез. 2024 година е последната година од договорот на популарниот Чеко, а уште во текот …
Continue Reading
Симон Аман 25. пат ќе настапи на новогодичната турнеја
Симон Аман на 42-годишна возраст ќе учествува на својата 25-та новогодишна турнеја во ски-скокови. Четирикратниот олимписки шампион во 2002 и 2010 година ќе настапи на скокалниците во Оберстдорф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен во швајцарскиот тим заедно со Грегор Дешванден, Килијан Пејер и Рем Имхоф. Многумина очекуваа дека ланската сезона ќе биде последна за Аман, но во пресрет на новата сезона …
Continue Reading