Новогодишни пакетчиња од „Спорт Лајф“ за децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби

Новогодишни-пакетчиња-од-„Спорт-Лајф-за-децата-од-ранливите-категории.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Обложувалниците „Спорт Лајф“ ја продолжија традицијата од последните неколку години и годинава им подарија новогодишно пакетче за децата од социјално ранливата категорија и лицата со попреченост.

Од тимот на „Спорт Лајф“ во празнична атмосфера и заедничко дружење беа поделени вкупно 114 пакетчиња, во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Куманово, во Здружението на Регионалниот центар за лица со интелектуална Попреченост „Порака наша“, Куманово, како и во ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје.

„За нас посетата и грижата за децата од ранливите категории и за лицата со интелектуална попреченост е благородна традиција и дел од нашата визија за општествена одговорност и поддршка за сите ранливи категории во општеството. Им благодариме за топлото добредојде и нивните прекрасни насмевки, кои навистина многу значат.

Воедно им ја честитам Новата година и им посакувам многу здравје, радост и среќа на сите деца и на сите наши граѓани во име на обложувачите на „Спорт Лајф“ – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Спорт Лајф“.

(ПР)

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK