(Видео) Кими Антонели е светски шампион – Макс Ферстапен победи во Мексико
Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Мексико, пред Луис Хамилтон , но приказната на денот е Андреа Кими Антонели. Италијанецот трката ја заврши на третото место и со 19 години и 68 дена стана најмладиот светски првак во историјата. Мерцедес повторно има шампион по 2020 година, а Италија го доби првиот шампион по 73 години кога шампион …
Continue Reading
Маркез победи во Малезија
Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на Големата награда на Малезија, 19-та трка од сезоната на шампионатот Мото ГП, и направи голем чекор кон одбрана на титулата. Маркез со леснотија стигна до доминантна победа во Сепанг, негова седма во сезоната, три секунди пред победникот во спринтот во саботата, Педро Акоста од КТМ Рејсинг. На третото скалило на подиумот се искачи …
Continue Reading
Спринтот во Малезија за Педро Акоста
Возачот на КТМ, Педро Акоста, триумфираше на спринт трката одржана во рамките на Големата награда на Малезија, 19-та рунда од овогодинешното Мото ГП првенство. Спринтот се возеше по тешки услови, бидејќи на делови од патеката паѓаше дожд. Шпанецот ја освои својата втора победа во спринтот во Сепанг, со малку повеќе од половина секунда предност пред Марк Маркез на Дукати. На …
Continue Reading
Пензијата не е опција – Хамилтон сака да вози во Јужна Африка во 2030 година
Луис Хамилтон не размислува за крај на кариерата во Формула 1, а неговите амбиции одат толку далеку што веќе ја објави својата желба да вози на Големата награда на Јужна Африка во 2030 година. Седумкратниот светски шампион тогаш ќе има 45 години, но очигледно не планира да се откаже од најбрзиот циркус во светот. Британецот е еден од најстарите возачи …
Continue Reading
Меѓу 69-те загинати во железничката несреќа во Шпанија е и младата атлетичарка Хулиета Гаљего
Шпанската атлетичарка Хулиета Гаљего (24), која се натпреварувала во скок во далечина, е меѓу најмалку 69-те загинати во тешката железничка несреќа во шпанската покраина Толедо, каде што вчера се судрија два брзи воза, пренесува „Европа прес“. Веста за нејзината смрт ја потврди Шпанската атлетска федерација (РФЕА), која изрази сочувство до семејството, пријателите и клупските колеги на младата спортистка. „Шпанското атлетско …
Continue Reading
Пред јубилејната 300-та трка во кариерата Перез го продолжи договорот со Кадилак
Мексиканскиот возач Серхио Перез потпиша нов договор со тимот на Кадилак, со кој ќе остане во Формула 1 најмалку до 2029 година. Перез (36) се приклучи на дебитантскиот тим на Кадилак по едногодишна пауза од Формула 1, откако беше отпуштен од тимот на Ред Бул во кој помина четири сезони на крајот од 2024 година. Пред домашната трка, Големата награда …
Continue Reading
Емотивна исповед на синот на Шумахер: Би се откажал од сè само за да можам да разговарам со тебе
Седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, доживеа тешка несреќа на скијање во француското одморалиште Мерибел, во француските Апли, кон крајот на декември 2013 година. Од тој момент, славниот ас е под постојан медицински надзор, додека неговото семејство предводено од неговата сопруга Корина, со поддршка на неговата ќерка Џина-Марија и синот Мик, се грижи за него. Информациите за неговата здравствена …
Continue Reading
Мастерклас на Антонели, победи во Остин
Андреа Кими Антонели го направи завршниот чекор кон шампионската титула, во првенството на Формула 1. Возачот на Мерцедес победи на трката за Големата награда на САД, пред Шарл Леклер и Макс Ферстапен. За младиот Италијанец ова беше деветтата победа во сезоната и воопшто во кариерата. Мерцедес со сјајната тактика, испратена со брлијантното возење на Антонели оствари победа во Остин. Една …
Continue Reading
Откажана последната трка на „Филип Ајленд“
Последната трка за Големата награда на Австралија на патеката „Филип Ајленд“ беше откажана поради лоши временски услови. Иако организаторите чекаа со часови да се подобрат условите, поради лошата видливост, неможноста хеликоптерот да полета во случај на несреќа, едноставно не дозволи да се одржи трката. „Филип Ајленд“ се смета за најдобрата мото-патека во светот, но следната сезона ќе го отстапи своето …
Continue Reading