Ватерполистите на Србија го освоија европското првенство

Класик во финалето на Европското првенство во ватерполо, во натпреварот за титулата најдобар на Стариот континент, Србија ја победи Унгарија по голема борба, 10:7. Србија шести пат во својата историја ја освои европската титула. Со гранитна одбрана и фантастичен борбен дух, Србија се врати на европскиот ватерполо трон. По нерешениот резултат во првото полувреме (5:5), Србија прва стигна до предност …

Continue Reading

Грција ја декласира Италија, го освои бронзениот медал на ЕП

Грчката ватерполо репрезентација, прв пат во историјата, овои медал на европските првенства. На шампионатот во Белград, во борбата за третото место, Грција ја победи Италија со 12:5 (5:1, 2:1, 3:2, 2:1) и со тоа го освои бронзениот медал. Аргиропулос ги предводеше Грците до овој историски бронзен медал со четири гола, додека за Италија Фереро и Кондеми постигнаа по два гола. …

Continue Reading

(Видео) Историско остварување на Микаела Шифрин

Американската скијачка Микаела Шифрин испиша нова страница во историјата на алпското скијање. Таа во неделата го освои рекордниот деветти кристален глобус во слалом. Шифрин го постигна ова извонредно достигнување со победата на трката од Светскиот куп во Шпиндлеров Млин, со што уште еднаш ја потврди својата апсолутна доминација во најтехничката дисциплина. Со овој успех, Шифрин стана првата скијачка во историјата …

Continue Reading

Михаел Шумахер времето не го поминува само во кревет

Британските медиуми ги објавија најновите информации во врска со здравствената состојба на Михаел Шумахер, седумкратниот светски шампион во Формула 1. Според неколку добро информирани извори, легендата на Формула 1, кој претрпе тешка повреда на мозокот додека скијаше во Француските Алпи пред нешто повеќе од 12 години, не е врзан за кревет. За жал, тоа можеби е најпозитивната медицинска вест. На …

Continue Reading

Унгарија го елиминира европскиот првак Шпанија

Ватерполо репрезентација на Унгарија стана третиот полуфиналист на Европското првенство, кое се одржува во Белград. Унгарците го победија бранителот на титулата, Шпанија 15:14 (по изведувањето пенали) во директен дуел за второто место во Групата Е. Акос Наѓ беше најефикасен за Унгарците со три гола, додека Серхи Кабањас постигна четири гола за Шпанците. Натпреварот беше изедначен до самиот крај, иако Унгарија …

Continue Reading

Скандал на ЕП во ватерполо – Покрената е истрага поради обложување

Неколку ватерполисти од репрезентацијата на Малта се под истрага поради сомнение дека се обложувале на гол-разликата на натпреварот од Европското првенство против Црна Гора во Белград. Информацијата ја објави порталот „Тајмс оф Малта“. Според истиот извор, по повод настанот е покрената истрага, а повеќе детали ќе бидат познати во наредните денови. Селекцијата на Црна Гора го доби споменатиот дуел од …

Continue Reading

(Видео) Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул

Ред Бул го претстави автомобилот за претстојната сезона на спектакуларен начин. Во Детроит, на Централната станица во Мичиген, чешкиот пилот Мартин Шонка, кој направи кариера во акробатски летови, маневри со кобра во екстремно ладни временски услови и со брзина од 200 километри на час, го претстави новиот автомобил на Ред Бул. „TB22“ е еден вид почит кон автомобилот од 2005 …

Continue Reading

Ферстапен нема намера да го напушти Ред Бул

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, во интервју за швајцарски „Блик“, изјави дека нема намера предвреме да се раздели со тимот на Ред Бул, со кој има договор до крајот на 2028 година. Иднината на Холанѓанецот беше предмет на многу шпекулации во последните години, особено во првата половина од сезоната 2025. Се шпекулираше дека сака да го напушти …

Continue Reading

Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска

Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања. 20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната …

Continue Reading