Антонели на пол-позицијата во Јапонија

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Јапонија, третата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. Италијанецот, кој пред две недели во Шангај стана најмладиот освојувач на пол-позицијата во историјата, оствари нов триумф во квалификациите со круг од 1:28.778 минути. Кими, во Сузука, стана најмладиот возач во историјата со две пол-позиции на две последовни …

Continue Reading

(Видео) Ника скока како постариот брат, за шест и пол метри го подобри светскиот рекорд

Во втората серија тренинзи во Планица, Ника Превц направи историски скок од 242,5 метри, поставувајќи нов светски рекорд во скијачки летови за жени. Претходниот рекорд беше во сопственост на Норвежанката Еирин Марија Квандал со 226 метри Ника го подобри сопствениот рекорд од Викерсунд за 6,5 метри и уште еднаш ја нагласи доминацијата на семејството Превц во светот на скијачките летови. …

Continue Reading

Ферстапен избрка новинар од прес-конференцијата во Сузука

Макс Ферстапен исфрли новинар од својата прес-конференција пред Големата награда на Јапонија. Возачот на Ред Бул одби да започне разговор со претставници на медиумите во Сузука во четврток откако го забележа Џајлс Ричардс од „Гардијан“ меѓу новинарите, пишува Би-Би-Си. „Нема да зборувам додека не си замине“, реќе Ферстапен. Ричардс праша дали Макс е сериозен и дали се однесува на прашањето …

Continue Reading

Шифрин го освои Големиот кристален глобус

Американката Микаела Шифрин го освои Големиот кристален глобус по шести пат во кариерата, наменет за вкупен победник на Светскиот куп во алпско скијање. Во пресрет на последната трка, Шифрин имаше 85 поени повеќе од втропласираната Германка, Ема Ајхер, и можеше да остане без титулата само ако Ајхер забележеше победа, а таа не освоеше ниту еден поен. По првото возење, таа …

Continue Reading

Мекларен ги реши проблемите од Кина

По проблемите што ги спречија возачите на Мекларен да стартуваат на Големата награда на Кина, тимот ги откри техничките проблеми на возилата на актуелниот шампион Ландо Норис и неговиот колега Оскар Пјастри. Норис дури и не ја напушти гаражата поради дефект во електрониката, додека Пјастри мораше да ја напушти почетната позиција непосредно пред почетокот на формацискиот круг. Ова е прво …

Continue Reading

Македонија домаќин на Светско првенство во риболов на крап – екипи од 30 држави доаѓаат во Маврово

Македонија и Мавровското езеро оваа година ќе бидат домаќини на Светско првенство во риболов на крап, едно од најзначајните натпреварувачки случувања во спортскиот риболов на глобално ниво, соопшти Македонската риболовна федерација. Како што наведуваат од Федерацијата, станува збор за историски момент за државата, бидејќи досега не oрганизирале спортски настан од вакво ниво и обем, со учество на екипи од околу …

Continue Reading

Априлија го освои Бразил – Бецеки победи пред Мартин

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, триумфираше на Големата награда на Бразил, втората трка од овогодинешното првенство во Мото ГП, откако водеше од почетокот до крајот. Италијанецот ја забележа својата четврта победа по ред, приклучувајќи се на листата на само неколку возачи кои успеале да го сторат тоа, вклучувајќи ги Валентино Роси, Марк Маркез и Хорхе Лоренцо. По осми пат во …

Continue Reading

Австралиецот Мекивој најбрз во историјата

Австралискиот пливач Камерон Мекивој (31) постави светски рекорд на 50 метри слободен стил. Брилијантниот Мекивој, најкратката делница ја мина со време 20,88 секунди и победи со речиси една должина на телото на Отвореното првенство на Кина во Шенжен. Австралиецот го подобри за три стотинки резултатот со кој Бразилецот Сезар Сиело стана светски рекордер уште во 2009 година, кога сè уште …

Continue Reading

(Видео) Страшен судир: Велосипедистка прелета преку оградата

Гледачите на женската велосипедска трка од Милано до Сан Ремо беа сведоци на морничава сцена. Во центарот на инцидентот беше 27-годишната Дебора Силвестри, која беше вклучена во сериозен судир со неколку натпреварувачки. Сè се случи на 20 километри до целта. Дебора помина најлошо, по контактот, таа излета од патеката, прелета преку заштитната ограда и падна на патот под ѕидот каде …

Continue Reading