Се одржа втората атлетска трка „Трчаме за Рацин“

Дождот и лизгавите улици полни со вирови не ги спречи околу стотина деца и околу 500 возрасни од Велес и повеќе македонски градови како и од Врање од Србија и еден учесник од Италија, успешно да ја поминат целта на втората атлетска трка “Трчаме за Рацин”,која се одржа синоќа низ велешките главни улици. Стартот и целта беа кај споменикот на …

Continue Reading

Планинарите од „Калин Камен“ се искачија на врвот Китка

Петнаесет планинари од Планинарско-спортскиот клуб „Калин Камен“ од Крива Паланка денеска се искачија на врвот Китка на Козјак Планина, учествувајќи во акцијата по повод десетгодишниот јубилеј на ПСК „Козјак“ од Куманово. – Ни беше големо задоволство да бидеме дел од акцијата за искачување на Китка по повод десеттиот роденден на нашите соработници и пријатели од клубот „Козјак“, а симболично искачувањето …

Continue Reading

Одржано 2.коло во дресурно јавање

На теренот на коњичкиот клуб Анималс од Скопје во населбата Дрма, денес се одржа 2. коло од Отворено првенство на Македонија во дресурно јавање за годинава.   На програмата беа три натпревари, и тоа во категориите А, М и во ЛМ, со избор на слободна програма и музика во времетраење од 3-4 минути. Резултати:   Категорија- ЛМ: 1-место Сандра Маслинко …

Continue Reading

Формула 1 го честиташе јубилејот на 24 часа Ле Ман

Раководството на Формула 1 упати честитки за 100-годишнината од трката 24 часа Ле Ман. Трката со спортски автомобили фокусирана на издржливост се одржува секоја година во близина на францускиот град Ле Ман. – 100 години возбудливи трки, незаборавни битки и неверојатен успех. Во име на Формула 1, упатуваме честитки до 24 часа Ле Ман по повод 100-годишнината. На сите учесници, …

Continue Reading

Белгија го одбрани домашниот терен на мечот со македонските одбојкари

Белгија вечерва ја победи македонската одбојкарска репрезентација со 3:0, по сетови 27:25, 25:23 и 26:24.     Избраниците на селекторот Јошко Миленковски во трите сегменти беа на чекор до освојување сет, но на крајот не успеаја ниту еднаш да се радуваат.     Ова беше натпревар од 4. коло во Златната европска лига по кое Македонците со пет бодови се на 3. место во …

Continue Reading

Четврти пораз за македонските одбојкарки во Сребрената лига

Македонската женска одбојкарска репрезентација попладнево загуби на гостувањето кај Естонија со 3:0, по сетови 25:22, 25:20 и 25:16. За „црвено-жолтите“ ова беше четврти пораз во исто толку натпревари во Европската Сребрена лига.     Естонките со максимални четири победи се лидери на табелата во А-групата. Во следното коло, Македонките ќе и гостуваат на Летонија. Овој натпревар ќе се одигра в среда со …

Continue Reading

Кипјегон постави светски рекорд на 5.000 метри

Кенијката Феит Кипјегон синоќа постави светскиот рекорд на 5.000 метри. Новото најдобро време во светот на трка на 5.000 метри е поставено на Дијамантската лига во Париз и изнесува 14 минути 5 секунди и 20 стотинки. Кипјегон го собори светскиот рекорд на Летесенбет Гидеј од Етиопија (14 минути 6 секунди и 62 стотинки), поставен на 7 октомври 2020 година.

Continue Reading

Викендов втор Јунски коњички турнир

На теренот на клубот Анималс во Дрма, скопско, викендов ќе се одржи вториот Јунски коњички турнир. Истовремено ќе се одржи 2. коло од отвореното Државно првенство во дресурно јавање. На програмата се три натпревари во: 1. Категорија-А 2. Категорија-М и 3. Категорија-ЛМ Дозвоелн е избор на слободна програма и музика во траење од 3-4 минути.

Continue Reading

Мојсовски најави два нови базена во Скопје

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски денеска најави отворање на два нови базена во Скопје. – Најголемиот проект за нас што ни недостасуваше изминатите години, тоа се 14 пливачки базени за овие атлети, за помладите категории, веќе ги привршуваме. Веќе во Тетово го пуштивме, овие двата скопски се при крај, се надевам дека во септември ќе има …

Continue Reading