Планинарите од „Калин Камен“ се искачија на врвот Китка

planinari
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Петнаесет планинари од Планинарско-спортскиот клуб „Калин Камен“ од Крива Паланка денеска се искачија на врвот Китка на Козјак Планина, учествувајќи во акцијата по повод десетгодишниот јубилеј на ПСК „Козјак“ од Куманово.







– Ни беше големо задоволство да бидеме дел од акцијата за искачување на Китка по повод десеттиот роденден на нашите соработници и пријатели од клубот „Козјак“, а симболично искачувањето беше на истоимената планина Козјак. Со петнаесетчлена група во која учествуваше и нашиот највозрасен член, 76-годишниот Стојанче Костовски, бевме дел од вкупно стотина планинари од земјава и соседна Република Србија, што на овој роденденски ден се искачивме низ високата трева и прекрасните падини на Козјак украсени со планински цвеќиња, рече Алена Милковска, претседателка на планинарско спортски клуб „Калин Камен“.

Милковска упати апел до помладите, но и останати што се љубители на планината, да се информираат за тековните активности на клубот и да планинарат, особено поради бројните психо-физички и здравствени придобивки од планинарењето.

– Бројни научни студии потврдуваат дека со пешачење низ шума се чистат умот, телото и душата, а науката откри дека пешачењето и планинарењето го менуваат мозокот на подобро. Чувството на смиреност и задоволство што ве придружуваат во времето поминато на отворено, пешачење во природа, ги редуцира стресот и негативните мисли, додава Милковска.

Следната акција во организација на ЗПСК “Калин Камен” е кон крајот на месецот, искачување на Шар Планина, Врв Лешница или Плат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK