(Видео) Првиот супервелеслалом во сезоната за Софија Гоџа

Foto/ EPA Италијанската скијачка Софија Гоџа денеска славеше во супервелеслаломот од Светскиот куп во Сент Мориц, Швајцарија. Гоџа победи во првиот супервелеслалом сезонава со време од 1:16,63 минути. Второто место и припадна на Корнелија Хутер од Швајцарија, која заостануваше 0,95 секунди од победничката, додека нејзината сонародничка Лара Гут-Бехрами беше трета со 1,02 секунди зад Италијанката. Меѓу првите пет се најдоа …

Continue Reading

(Видео) Повреден полицаец, солзавец и над 400 уапсени на одбојкарскиот натпревар Олимпијакос-Панатинаикос

Познато е ривалството меѓу навивачите на Олимпијакос и Панатинаикос, но на одбојкарското дерби тоа доби ново ниво. Две фракции се судрија пред салата „Мелина Меркури“, а се започна некаде по 22 часот кога група од околу 150 навивачи излегле надвор од салата. Според полицискиот извештај, кон нив бил фрлен молотов коктел, а полицијата возвратила со солзавец кој стигнал до оние …

Continue Reading

Брачната двојка Волф под истрага на ФИА

Првиот човек на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф и неговата сопруга Сузи се под истрага од Светската автомобилска федерација (ФИА) за можен конфликт на интереси. Сузи Волф е извршен директор на Ф1 Академијата, која од неодамна функционира под покровителство на Формула 1, а служи за натпреварување во женска конкуренција. Бизнис магазинот Формула 1 објави дека тимските шефови се загрижени …

Continue Reading

Трекхаус рејсинг ќе се натпреварува во Мото ГП шампионатот

Американскиот тим Трекхаус рејсинг, од следната сезона, ќе се натпреварува во Мото ГП шампионатот. Трекхаус рејсинг, го презеде тимот РНФ кој веќе не постои. Американскиот тим ќе се натпреварува како сателитска екипа на Априлија. По завршувањето на сезоната, компанијата Дорна спортс објави дека РНФ остана без место во шампионатот, поради бројните прекршувања на договорот, што влијаеше на имиџот на Мото …

Continue Reading

Хамилтон: Не би ми значела многу титула со Ред Бул

Седумкратниот светски шампион во Формула 1 Луис Хамилтон неодамна го продолжи договорот со тимот на Мерцедес, иако во последните две сезони нема ниту една победа во Формула 1. „Со потпишувањето на договорот покажав колку сум посветен на тимот. Секако, секој возач сака да биде во победничкиот тим и верувам дека заедно ќе најдеме начин повторно да бидеме најдобри“, изјави Британецот. …

Continue Reading

Леклер го продолжи договорот, Ферари преговара и со Саинц

Шарл Леклер го продолжил договорот со Ферари, објави „Газета дело Спорт“. возачот од Монте Карло потпишал договор до 2029 година. Истиот извор пишува дека неговата плата од сегашните 25 милиони евра годишно ќе се зголеми на максимални 50 милиони евра. Излезната клаузула во договорот ќе биде активна дури по третата година (крајот на 2027 година). „Газета дело Спорт“, тврид дека …

Continue Reading

Дарио Ивановски во Валенсија постави нов македонски рекорд во маратон

Maкедонскиот атлетичар, Дарио Ивановски, на маратонот во Валенсија постави нов македонски рекорд со време од два часа 11 минути и 53 секунди. Претходниот рекорд, истотака го држеше Ивановски, а изнесуваше два часа 18 минути и 12 секунди. Овој рекорд беше поставен лани во Копенхаген.

Continue Reading

Сите возачи кои ја завршија сезоната в Ф1 ќе возат и во 2024 година

Американскиот автомобилист Логан Сарџент ќе вози за Вилијамс и следната сезона, што значи дека сите возачи кои го завршија овогодинешниот шампионат ќе стартуваат следната сезона. Сарџент имаше тешко прилагодување на Формула 1, no и покрај некои разочарувачки изданија, тој очигледно направи доволно за да остане во тимот следната година. За време на штотуку завршената сезона, Американецот освои поени само на …

Continue Reading

Ферстпен најдобар и најисплатлив возач во 2023

Макс Ферстапен ја освои третата последователна титула во Формула 1 шампионатот во болидот на Ред Бул. Холанѓанецот, доминираше со 19 победи во 22 трки. Покрај неговите возачки квалитети, Макс покажа и дека е најдобар во грижата за својот автомобил. Формула 1 ги објави податоците кој имал најмалку штета оваа година, а во таа категорија Макс е дефинитивно прв. За поправките …

Continue Reading