Берокал нов селектор на кошаркарската репрезентација
Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука за именување на Жозеп Мариа Берокал за селектор на машката репрезентација. Берокал е искусен шпански тренер со импозантно портфолио зад себе, со повеќе од 35 години тренерско искуство, од кои 21 година во професионална кошарка, како и 14 години искуство во Евролигата, најелитното европско клупско натпреварување. Во својата богата кариера како главен и помошен …
Continue Reading
Реал Мадрид ја напушта Евролигата
Реал Мадрид одлучи да се повлече од Евролигата и да стане еден од основачите на ново европско кошаркарско натпреварување под покровителство на НБА, проект наречен „НБА Европа“, пишуваат шпанските медиуми. Според достапните информации, 12 клуба би учествувале во почетната фаза од проектот, а се проценува дека вредноста на франшизите вклучени во натпреварувањето би можела да достигне околу една милијарда долари …
Continue Reading
Драма во Монако со среќен крај за Црвена звезда
Кошаркарите на Црвена звезда, по едно продолжение славеа победа во Монако со 100:96. Црвена звезда ја прекина серијата од шест победи во која беше тимот на Монако, сега има скор 13-10, додека екипата од малото кнежевство е на 15-8. Фантастичен натпревар одиграа двата тима, пол но пресврти и едно продолжение. Црвена звезда, во еден период од втората четвртина имаше предност …
Continue Reading
Кошаркарската репрезентација остана без селектор
Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација, на седницата одржана на 20ти јануари 2026 година, ја разгледа и едногласно ја прифати оставката на селекторот на машката сениорска репрезентација, г. Марјан Илиевски, поднесена непосредно пред почетокот на седницата. Иако Управниот одбор беше изненаден од ваквата одлука, Федерацијата во целост ја почитува личната и професионалната одлука на г. Илиевски и уште еднаш упатува …
Continue Reading
Познати се петорките за Ол стар натпреварот
Ол-стар натпреварот, оваа година ќе се игра на 15 февруари во Инуит Дом, новата арена на Лос Анџелес Клиперс. Во пресрет на натпреварот на „Сите Ѕвезди“, познати се стартните петорки. Стартерите за натпреварот, ги избираат навивачите и комисија составена од претставници на медиумите, но гласаат и самите играчи. Гласовите на навивачите сочинуваат половина од вкупниот број гласови. Тројца играчи прв …
Continue Reading
Антонио Блекни во САД е обвинет за местење натпревари
Кошаркарот на Хапоел Тел Авив, Антонио Блекни, се најде во центарот на голем скандал, американското обвинителство го гони за учество во широка шема за местење натпревари во НЦАА и кинеската лига, за што наводно зарботил 200.000 долари. Антонио Блекни е меѓу 20-те обвинети во голем скандал со местење кошаркарски натпревари кој, според обвинителите од Филаделфија, траел од септември 2022 до …
Continue Reading
Шарлот ги прегази Лејкерси
Публиката во „Крипто Арена“ во Лос Анџелес, сведочеше на уште едно разочарување, откако нивните Лејкерси загубија од Шарлот Хорнетс со 117:135 (39:30, 16:34, 38:40, 24:31). Ова е четврти пораз на Лејкерси во последните пет натпревари, три од нив се на домашен терен. Падот на домашниот тим се случи во втората четвртина, која Хорнетс ја добија со 34:16, а таа предност …
Continue Reading
(Видео) Далас загуби од Денвер и остана без Купер Флег
Кошаркарите на Далас Маверикс загубија од Денвер Нагетс (без Никола Јокиќ) со 109:118 и останаа без Купер Флег. Првиот пик на последниот драфт го повреди глуждот. Џамал Мареј ги предводеше Нагетс против Далас со 33 поени, 2 скока и 5 асистенции, додека Арон Гордон имаше 22 поени, 6 скока и 3 асистенции, а Наџи Маршал со 24 поени постигна најмногу …
Continue Reading
(Видео) Шоу-тајм на Дончиќ и Леброн, Оклахома конечно го победи Сан Антонио, нова победа на Денвер без Јокиќ
Лос Анџелес Лејкерс ги победија Атланта Хокс со 141:116, благодарение на брилијантните партии на најголемите ѕвезди. Леброн Џејмс и Лука Дончиќ играа за аналите на еден од најголемите клубови. Двајцата имаа 25 поени, 10 асистенции и пет скока во истиот натпревар, што се случи втор пат во историјата на Лејкерси. Единствените соиграчи што го направиле тоа пред нив се легендарните …
Continue Reading