Русите се враќаат во кошарката
ФИБА ги укина ограничувањата за руските и белоруските играчи, тренери, судии и други службени лица, откако Меѓународниот олимписки комитет (МОК) го промени својот став за нивното учество на меѓународни натпревари. Засега, одлуката се однесува само на поединци. Руските и белоруските играчи, тренери, судии и други службени лица можат веднаш да учествуваат, односно да бидат номинирани за сите натпревари на ФИБА …
Continue Reading
(Видео) Магијата на Јокиќ беше прогласена за најдобра во сезоната
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го доби признанието за најдобра асистенција во сезоната. Со феноменален пас, тој создаде зицер за соиграчот Пејтон Вотсон на натпреварот против Мемфис. Како и обично, Јокиќ ги остави сите воодушевени со асистенција без гледање. Тоа беше рол пас за лесни поени од Вотсон. Никола имаше просек од 27,7 поени, 12,9 скока и 10,7 асистенции во 65 …
Continue Reading
Димитријевиќ со трип-дабл, Македонија ја декласира Австрија
Македонската кошаркарска репрезентација на најдобар можен начин ја започна втората рунда од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година. Избраниците на селекторот Хозе Марија Берокал одиграа одличен натпревар во Виена и убедливо ја совладаа Австрија со 90:59, за голема победа на стартот од новиот претквалификациски циклус. Ненад Димитријевиќ беше централна фигура во играта на македонската репрезентација. Новиот кошаркар на солунски …
Continue Reading
Димитријевиќ: Ќе дадам сè од себе за да стигнеме до Европското првенство
По мала пауза, Ненад Димитријевиќ повторно е дел од македонската сениорска репрезентација. Еден од најдобрите македонски кошаркари повторно ќе го носи националниот дрес во августовскиот ФИБА прозорец, во кој Македонија ја очекува важен дуел против Австрија во Виена. Повратникот во сениорскиот национален тим со големи амбиции го очекува новиот репрезентативен циклус. Противникот добро го познава, но верува дека Македонија има …
Continue Reading
Дрес на Мајкл Џордан се продава за 100 милиони долари
Дресот, кој Мајкл Џордан го носел против Јута Џез, ќе стане најскапиот во спортската историја. Во 1998 година, Чикаго Булс ги победија Јута Џез со 4:2 во финалето на НБА и станаа шампиони, а MВП на финалната серија беше Мајкл Џордан. „Неговото Летечко Височество“ одигра неверојатна серија и имаше 24 поени во третиот натпревар кога Чикаго победија со разлика од …
Continue Reading
Денвер Нагетс го договорија Дерозан
Денвер Нагетс завршија голема работа пред почетокот на новата НБА сезона, Демар Дерозан се согласи да соработува со тимот предводен од српскиот ас Никола Јокиќ. Како што објави познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, шесткратниот Ол-стар ќе потпише едногодишен договор вреден 3,9 милиони долари, па Денвер ќе добие огромно искуство и уште еден играч способен да креира поени во нападот. BREAKING: …
Continue Reading
Клеј Топмсон си го откупи договорот и се сели на Флорида
Клеј Томпсон, еден од најдобрите шутери во историјата на кошарката, конечно одлучи каде ќе ја игра својата 14-та НБА сезона. Според инсајдерот, Шамс Чаранија, 36-годишниот Клеј Томпсон ќе игра за Мајами Хит следната сезона. „НАЈНОВО: Клеј Томпсон, според очекувањата, ќе потпише за Мајами Хит кога ќе помине низ таканаречената постапка за „откажување“, бидејќи се согласил да го откупи сопствениот договор …
Continue Reading
Вистински лидер – Дончиќ ги собра Лејкерси во Словенија
Лука Дончиќ ќе биде домаќин на речиси целиот тим на Лос Анџелес Лејкерс за време на петдневниот собир во Словенија, а за своите соиграчи подготвил и посебна програма надвор од кошаркарскиот терен. Според информациите од ESPN, Дончиќ организирал приватен авионски лет за 14 лица, додека по пристигнувањето играчите добиле пакети со подароци со словенечки производи. „Езерџиите“ пристигнаа во Љубљана овој …
Continue Reading
Пајтон Вотсон ги напушти Денвер Нагетс
Пејтон Вотсон повеќе не е играч на Денвер Нагетс. Како што известува Шамс Чаранија, челниците на Денвер Нагетс, Кливленд Кавалирс и Лос Анџелес Клиперс постигнаа договор и Пејтон Вотсон сега е нов член на Кавс. Пејтон ќе потпише четиригодишен договор со Кливленд вреден 88 милиони долари, последната година од договорот е опција која ја активира кошаркарот. Минатата сезона Вотсон бележеше …
Continue Reading