(Видео) Подвиг на Лејкерси без Леброн, по две продолженија победија во Милвоки
Фанатстичен меч, со две продолженија, одиграа во Милвоки, Бакс и ЛА Лејкерси. „Езерџиите“, без Леброн Џејмс, славеа со 128:124. Милвоки Бакс не успеаја да победат и покрај тоа што на осум минути до крајот на натпреварот имаа предност од 19 поени. Лејекрси со серија 10:0 успеаја да изборат продолженија. Предводници на Лејекрси беа Ентони Дејвис кој забележа монструозен дабл-дабл со …
Continue Reading
Кинан Еванс од следната сезона ќе носи црвено-бело
Американскиот кошаркар Кинан Еванс ја привршува кариерата во Жалгирис, од следната сезона ќе игра во нов клуб. Американецот ќе му се приклучи на Олимпијакос. Според грчките медиуми двте страни веќе го договориле трансферот. Најдобриот играч на зелените од Каунас оваа сезона бележи одлични партии, има просек од 17,3 поени, 52,5% од два, 45,3% од три, 2,7 скока и 3,9 …
Continue Reading
(Видео) Историски пресврт на Атланта – Губеа со 30 разлика на крајот победија
Изминатата ноќ во НБА лигата кошаркарите на Атланта Хокс направија спектакуларен пресврт против најдобриот тим во лигата, Бостон Селтикс. Хокс славеа со 122:120 и покрај тоа што во еден период имаа негатива од 30 поени. Бостон Селтикс во натпреварот влегоа со серија од девет победи, односно со 20 победи на последните 22 натпревари. На четири и пол минути до полувремето …
Continue Reading
(Видео) Милвоки ја растурија Оклахома, Денвер повторно се лидери на Западот
Милвоки Бакс ја совлада Оклахома со 118:93, во НБА дербито и ги однесе Денвер Нагетс, на врвот во Западната конференција. Денвер сега имаат една победа повеќе од Оклахома и до крајот на регуларниот дел жестоко ќе се борат за првата стартна позиција која носи предност на домашниот терен се до големото финале. Натпреварот во Милвоки го одбележа Јанис Адетокумбо. Двократниот …
Continue Reading
Портланд со петорка дебитанти му се спротивстави на Денвер
Портланд Трејлблејзерс синоќа стана вториот тим во историјата на најсилната лига кој започнал натпревар со петмина дебитанти. Тимот од Орегон беше поразен на домашен терен од Денвер со резултат 114:111. Денвер играше без двајцата најдобри играчи, Никола Јокиќ и Џамал Мареј, додека кај Портланд поради повреди отсуствуваа: Енферни Симонс, Џереми Грант, Деандре Ејтон, Шедон Шарп и Малколм Брогдон. Поради нивното …
Continue Reading
(Видео) Немања Бјелица ја заврши кариерата
Српскиот кошаркар Немања Бјелица стави крај на професионалната кариера. Одлука крилниот кошаркар со прекар Професор ја објави на Инстаграм. „Дваесет години… И благодарам на кошарката“, напиша Бјелица со видеото во кое собра важни моменти од својата богата кариера. Сениорската кариера ја започна во 2008 година во Црвена звезда под водство на Светислав Пешиќ, каде остана до 2010 година. По Звезда …
Continue Reading
(Видео) Јокиќ и Портер ги решија Њујорк Никс
Денвер Нагетс ја продолжија трката за првото место на Западот со Оклахома Тандер. Измината ноќ, актуелните шампиони славеа во дуелот со Њујорк Никс со 113:100. Денвер до победата ги предводеше Никола Јокиќ со 22. трипл-дабл во сезоната, 127. во кариерата во регуларниот дел од сезоната. Српскиот центар натпреварот го заврши со 30 поени, 14 скокови и 11 асистенции. Поен повеќе …
Continue Reading
„Ембид ги избра САД, тоа му е најлесниот начин да го земе златото“
Француската кошаркарска федерација имаше голем план за Олимпијадата во 2024 година на која тие се домаќини. Се надеваа дека во тимот ќе бидат НБА центрите: Руди Гобер, Виктор Вембањама и Жоел Ембид. За жал на Французите, ги „предаде“ актуелниот МВП на најсилната лига кој наместо Франција избра да ги претставува САД, земјата во која живее, игра, плаќа данок… Центарот …
Continue Reading
Дурент го престигна Шек, Феникс ја победи Филаделфија
Кошаркарите на Феникс ја победија Филаделфија со 115:102, во натпревар во кој Кевин Дурент го престигна Шекил О’Нил на осмото место на листата на најдобри стрелци во НБА лигата. На Дурент пред натпреварот му беа потребни девет поени за да го претекне О’Нил, кој има 28.596 поени. Дурент го заврши натпреварот со 22 поени, осум скока и четири асистенции. Најефикасен …
Continue Reading