(Видео) Јокиќ и Портер ги решија Њујорк Никс

USATSI_22831217.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Денвер Нагетс ја продолжија трката за првото место на Западот со Оклахома Тандер. Измината ноќ, актуелните шампиони славеа во дуелот со Њујорк Никс со 113:100.

Денвер до победата ги предводеше Никола Јокиќ со 22. трипл-дабл во сезоната, 127. во кариерата во регуларниот дел од сезоната. Српскиот центар натпреварот го заврши со 30 поени, 14 скокови и 11 асистенции.

Поен повеќе од Јокиќ постигна Мајкл Портер јуниор кој игра брилијантно по паузата за Ол-стар натпреварот. Со три тројки на овој натпревар го сруши рекордот на франшизата кој пред 30 години го постави Дејл Елис (192 тројки во една сезона).

Кај Њујорк се истакна Џејлен Брансон со 26 поени.

Резултати:

Орландо – Њу Орлеанс 121:106
Вашингтон – Сакраменто 109:102
Хјустон – Чикаго 127:117
Милвоки – Бруклин 115:108
Далас – Јута 113:97
Денвер – Њујорк 113:100
Феникс – Атланта 128:115

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK