На Челзи ова не му се случило 114 години
Во 34-то коло од Премиер лигата на Англија, фудбалерите на Челзи беа поразени со 3:0 (1:0) на гостински терен од Брајтон, со што лошата серија на „сините“ се продолжи на пет натпревари. Челзи не само што претрпе пет последователни порази, туку за време на споменатите натпревари не успеа да најде начин да постигне гол, па комплетната слика станува уште поцрна. …
Continue Reading
Маркез ќе го преземе Мексико
Рафаел Маркез ќе ја преземе функцијата селектор на мексиканската репрезентација по Светското првенство, потврди директорот на репрезентацијата Дуилио Давињо, објави „Фокс спортс“. Маркез во моментов е помошник на селекторот на Мексико, Хавиер Агире, кој ќе се пензионира од оваа позиција по Светското првенство. СП ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули оваа година во Мексико, САД и Канада. …
Continue Reading
По дебаклот во Брајтон, тренерот на Челзи го впери прстот во фудбалерите
Фудбалерите на Челзи доживеаја уште еден пораз, петти по ред, без постигнат гол. „Сините“, во Брајтон загубија со 3:0, паднаа на седмото место на табелата и прашање е дали наредната сезона ќе играат во европските купови. Вкупната гол разлика од 11:0 докажува каква е состојбата на Челзи во последните пет натпревари. На „Амекс“ во Брајтон, Челзи одигра уште еден лош …
Continue Reading
Лестер испаднаа од Чемпионшип
Лестер Сити испадна од Чемпионшип во Лига Еден (трет ранг на англискиот фудбал) по нерешениот резултат 2:2 со кандидатот за плејофот Хал Сити. „Лисиците“ мораа да го добијат натпреварот на стадионот „Кинг Пауер“ за да ги задржат шансите за опстанок, но не успеаја во тоа. Иако во еден момент водеа со 2:1, гостите успеаја да израмнат и да стават крај …
Continue Reading
(Видео) Спектакуларен пресврт на Интер за пласман во финалето на Купот
Фудбалерите на Интер успеаја да се вратат од мртвите и по голем пресврт стигнаа до финалето на Купот на Италија. „Нероаѕурите“ така останаа во игра за два трофеи оваа сезона, бидејќи е сè поизвесно дека ќе го освојат Скудетото, а ќе играат и во финалето на Купот. Во само девет дена, Интер и Комо одиграа спектакуларни натпревари и двата и …
Continue Reading
(Видео) Брајтон го декласира Челзи
Фудбалерите на Брајтон го декласираа Челзи со 3:0 и скокнаа на шестото место на табелата во Премиер лигата. Челзи е во длабока криза, го запиша петтиот последовен пораз, мизеријата да биде поголема, на овие пет натревари „сините“ не успеаја да постигнат гол. По само три минути игра, Брајтон поведе по голот на турскиот репрезентативец Ферди Кадиоглу. Розениор се обиде да …
Continue Reading
Наполи жестоко го казни Лукаку
Наполи го казни Ромелу Лукаку со 150.000 евра, што е 20 проценти од неговата бруто месечна плата, објави „Ла Газета дело Спорт“. Како што стојат работите, разделбата на лето изгледа сè поизвесна. Белгискиот напаѓач се врати во Неапол од Белгија на почетокот на неделата, по повеќе од две недели отсуство без дозвола од клубот, и во таа прилика разговараше со …
Continue Reading
Капело: Два големи проблеми треба да реши Англија пред СП
Поранешниот селектор на Англија, Фабио Капело (79), смета дека Томас Тухел (52), пред Светското првенство, мора да се справи со навиката на националниот тим да игра со страв. Италијанскиот стручњак, кој ја водеше Англија од 2007 до 2012 година, истакна два клучни проблеми со кои се соочува новиот селектор на патот кон можен успех, пишува „Дејли меил“. Капело ги предводеше …
Continue Reading
„Добро е што Јунајтед го продаде Гарначо“
Поранешниот шеф на академијата на Манчестер Јунајтед, Ники Бат (51), го критикуваше ставот на Алехандро Гарначо (21), аргентинскиот крилен играч кој минатото лето се пресели во Челзи за 45 милиони евра. Бат, кој го следеше развојот на Гарначо, тврди дека младиот играч „прерано полетал“ откако се пробил во првиот тим на „Црвените ѓаволи“. Поранешниот играч од средниот ред верува дека …
Continue Reading