Реал им изрече историска казна на Валверде и Чуамени
Фудбалерите на Реал Мадрид, Федерико Валверде и Орелијен Чуамени, беа казнети со по 500.000 евра од клубот за тепачка во соблекувалната. По инцидентот, Уругваецот заврши во болница со повреда на главата, па нема да биде во составот за „Ел класико“, каде што Барса, со победа, би можела да ја потврди титулата. Казната е доказ дека тепачка имало, дека Чуамени го …
Continue Reading
ПСЖ ќе им обезбеди на вработените бесплатен превоз и билети за финалето на ЛШ
Претседателот на шампионите на Европа повторно одлучи да ги награди сите вработени во ПСЖ. Париз Сен Жермен ќе им обезбеди на сите свои вработени бесплатно патување и билети за финалето на Лигата на шампионите против Арсенал во Будимпешта. Ова не е ништо ново или сензационално, со оглед на тоа што клубот од Париз веќе го стори тоа претходната година, кога …
Continue Reading
Кејн мала предност во финалето му дава на ПСЖ
По два спектакуларни натпревари, Баерн Минхен беше елиминиран во полуфиналето на Лигата на шампионите. Актуелните шампиони, играчите на ПСЖ беа подобри од Баварците. Хари Кејн го постигна единствениот гол за Германците во реваншот, но со дефицит од 5:4 од првиот натпревар, нерешениот резултат не беше доволен за пласман во финалето. Кејн откри кого го гледа како победник на Лигата на …
Continue Reading
Суарез: Реков некои работи што не требаше да ги кажам
На нешто повеќе од еден месец пред почетокот на Светското првенство, најдобриот стрелец во историјата на уругвајската фудбалска репрезентација, 39-годишниот Луис Суарез изјави дека е отворен за евентуално враќање во националниот тим. За потсетување, легендарниот напаѓач, реши да се пензинира од националниот тим, во септември 2024 година, по недоразбирањата со селекторот Марсело Биелса. Пред повеќе од 18 месеци, Суарез го …
Continue Reading
Баерн заинтересиран за Баркола – Цената е 90 милиони евра
Баерн Минхен повторно покажа интерес за крилниот напаѓач на ПСЖ, Бредли Баркола. Според „Скај Спорт Германија“, спортскиот директор Макс Еберл се распрашувал за можноста евентуалниот трансфер да се случи во летниот преоден рок, но одговорот од Париз наводно бил разочарувачки. ПСЖ бара обештетување до 90 милиони евра за својот играч, износ што германскиот шампион не може или не сака да …
Continue Reading
(Видео) Победата на Рајо Ваљекано во Стразбур ја славеа и во Бетис
Рајо Ваљекано, синоќа испиша нова страница во клупската историја. Малиот клуб од Мадрид, избори пласман во своето прво финале. За трофејот во Конференциската лига ќе се бори со Кристал Палас. Рајо Ваљекано, полуфиналните натпревари со Стразбург ги доби со по 1:0, и со тој успех го обезбеди петтото место за шпанските клубови во Лигата на шампионите следната сезона. Победата во …
Continue Reading
Кристал Палас и Рајо Ваљекано во финалето на Конференциската лига
Фудбалерите на Кристал Палас и Рајо Ваљекано ќе играат во финалето на Конференциската лига за сезоната 2025/26. Кристал Палас ја продолжија својата сезона од соништата и се квалификуваа за европското финале за прв пат во историјата, бидејќи го елиминираа Шахтјор од Донецк во полуфиналето со вкупен резултат од 5:2. Во реваншот на стадионот „Селхерст Парк“, победија со 2:1. Истото важи …
Continue Reading
Менди ќе отсуствува една година
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ферланд Менди, наводно ќе отсуствува повеќе од една година поради неговата последна сериозна повреда. 30-годишникот беше принуден да го напушти теренот по само 14 минути од победата на Реал Мадрид од 2:0 над Еспањол минатиот викенд. Првичните извештаи сугерираа дека тој ќе отсуствува околу пет месеци по операцијата, но повредата се чини дека е полоша отколку …
Continue Reading
Ал-Келаифи: Луис Енрике е мојата најдобра одлука во ПСЖ
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, не штедеше пофалби за Луис Енрике по новиот пласман на тимот во финалето на Лигата на шампионите. Првиот човек на францускиот гигант, го означи шпанскиот стручњак како најдобар тренер во светот и призна дека неговото доаѓање во Париз била најдобрата одлука откако го води клубот. „Луис Енрике е нашиот најголем адут. Тој е мојата најдобра …
Continue Reading