Осимен за пресврт и 27-ма титула на Галатасарај

Фудбалерите на Галатасарај, по голема драма и пресврт, успеаја да го победат тимот на Анталијаспор на домашен терен и да обезбедат нова, рекордна 27-ма титула во турското првенство на коло пред крајот на сезоната. Херој на натпреварот беше двојниот стрелец, Нигериецот Виктор Осимен. Жолто-црвените го пречекаа тимот на Анталијаспор на стадионот „Рамс Парк“ во Истанбул, кој на овој натпревар се …

Continue Reading

(Видео) Сити не се откажува од шампионската трка

Во 35-то коло од Премиер лигата, Манчестер Сити победи против Брентфорд со 3:0 на својот стадион „Етихад“, во натпревар во кој домашниот тим забележа важни три бода во борбата за титуката. Головите за Сити ги постигна Жереми Доку во 60-та минута, кога иницијативата на домашниот тим конечно донесе резултат, додека вториот гол го постигна Ерлинг Халанд во 75-та минута, со …

Continue Reading

„Валверде го удри и Модриќ, опасен тип, неспособен да живее во општеството“

Реал Мадрид е потресен од сериозна криза по физичката пресметка меѓу Орелијан Чуамени и Федерико Валверде. Како што објавија шпанските медиуми, Французинот го нокаутирал Уругваецот до тој степен што ќе го пропушти утрешното Ел Класико во Барселона поради повреди на лицето и потрес на мозокот. Овој инцидент е кулминација на токсичната атмосфера што владее во Реал со недели. Како што …

Continue Reading

(Видео) Нерешениот резултат во Ливерпул не му оди во прилог на Челзи

Фудбалерите на Ливерпул и Челзи одиграа нерешено 1:1 во 36-то коло од Премиер лигата. Гостите од Лондон, не победија, но успеаја да ја прекина црната низа, од шест последовни порази во Премиер лигата. Со овој бод, „Црвените“ се доближија до петтото место и директен пласман во Лигата на шампионите, додека „Сините“, дополнително ја влоѓија ситуацијата во која се наоѓаат и …

Continue Reading

Иран потврди дека ќе учествува на Мундијалот

Иранската фудбалска федерација во саботата потврди дека националниот тим ќе учествува на Светското првенство во 2026 година, но во исто време побара од земјите домаќини, САД, Мексико и Канада, да ги прифатат нивните услови во контекст на војната на Блискиот Исток. Ова барање дојде откако Канада му забрани на претседателот на иранската федерација да влезе на Конгресот на ФИФА минатиот …

Continue Reading

Нејмар ќе биде на поширокиот список за Светското првенство

Нејмар, напаѓачот на Сантос, ќе биде на прелиминарниот список на бразилската репрезентација за Светското првенство, објави новинарот Диого Дантас од весникот „О Глобо“. Селекторот Карло Анчелоти треба да го предаде списокот од 55 играчи во понеделник, 11 мај, додека конечниот список ќе биде објавен следниот понеделник, 18 мај. Нејмар не играл за репрезентацијата од октомври 2023 година, кога ја повреди …

Continue Reading

Меси ги издвои фаворитите за освојување на Светското првенство

Капитенот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, зборуваше за фаворитите пред претстојното Светско првенство и рече дека „гаучосите“ нема да имаат лесна работа во одбраната на титулата освоена во Катар во 2022 година. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња посочи неколку селекции кои, според него, го чекаат турнирот во одлична форма и со реални шанси да стигнат до трофејот. „Мора …

Continue Reading

Милан во преговори со Алаба

Милан започна преговори со пменаџерот, Пини Захави за евентуален трансфер на дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба. Договорот на австрискиот интернационалец истекува на крајот од сезоната и тој ќе го напушти кубот без обесштетување, откако Реал не му понуди нов договор. Челниците на Милан се сретнале со Захави во просториите на клубот. Разговарале за евентуалните засилувања. Милан покрај Алаба е …

Continue Reading

(Видео) Тинејџер на дебито, постигна гол по 14 секунди и го потврди местото на Ленс во ЛШ

Неверојатна фудбалска вечер во Ленс ја обележа тинејџерот Мезијан Соареш, го потврди пласманот на својот тим во Лигата на шампионите и воедно го испрати Нант во Лига 2. Ленс го победи Нант со 1-0 во првиот натпревар од 32-то коло во Лига 1. Екипата на Пјер Саж беше јасен фаворит, но не одеше се според планот, бидејќи до 79-та минута …

Continue Reading