Лионел Меси се врати на „Камп Ноу“
Според многумина, најдобриот фудбалер во историјата, Лионел Меси, го посети стадион „Камп Ноу“, кој е во последна фаза од реновирањето. На овој стадион, 38-годишниот Аргентинец доживеал многу брилијантни моменти во својата кариера носејќи го дресот на Барселона. Лионел Меси го носеше дресот на Барселона 2004 до 2021 година, и сосема е логично што неговата „тајна“ посета во неделата навечер била …
Continue Reading
Јуриќ ќе доби отказ, на неговото место доаѓа Паладино
Италијанските медиуми пред пет дена објавија дека два натпревари ќе ја одредат судбината на Иван Јуриќ на клупата на Аталанта. Првиот го доби, против Марсеј во Лигата на шампионите, во вториот доживеа дебакл на домашен терен од Сасуоло (0:3). Италијанскиот инсајдер, новинарот, Николо Скира, тврди дека Иван Јуриќ ќе биде отпуштен. Според овој извор, Аталанта има фаворит за нов тренер. …
Continue Reading
(Видео) Нестварни сцени во Канада – Снег до колена, натпревар на векот и ножичките на Родригез
Фудбалерите на Атлетико Отава ја освоија својата прва титула во Канадската Премиер лига (КПЛ) откако го победија Кавалри ФК со 2:1 во продолжение во неверојатни услови, среде снежна бура. Херој на вечерта беше Давид Родригез, кој ги постигна двата гола за својот тим и им го донесе историскиот трофеј од Купот Норт Стар. Двата тима во неделата вечерта во Отава …
Continue Reading
Рој Кин го отпиша Ливерпул од борбата за титулата
Рој Кин го отпиша актуелниот шампион Ливерпул од трката за титулата во Премиер лигата. Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, тврди дека тимот на Арне Слот е во криза по тешкиот пораз од 3.0 кај Манчестер Сити. „Граѓаните“, му го честитаа големиот јубилеј на менаџерот Пеп Гвардиола, со убедлива победа, во која стрелци беа Ерлинг Халанд, Нико Гонзалез и Жереми Доку. …
Continue Reading
Барселона го отпушти Пењароа
Џоан Пењароа и Барселона ја прекинаа соработката, потврди каталонскиот клуб. Крајот на соработката меѓу тренерот и кошаркарскиот гигант од Барселона дојде по уште еден неуспех во шпанската лига. Барселона доживеа понижувачки пораз од Џирона (96:78), откако претходно загуби од Реал во евролигата и Мурсија во првенството. „Тренерот на кошаркарскиот клуб Барселона, Џоан Пењароа, ја напушти позицијата прв тренер. Барселона му …
Continue Reading
(Видео) Рајо Ваљекано го запре Реал
Пет дена по поразот во дуелот од Лигата на шампионите со Ливерпул, лидерот во шпанската Ла Лига повторно беше запрен. Од „Ваљекас“ Реал се врати дома само со еден бод. Саможртвуваната, малку хаотична, но храбрата одбрана на Рајо Ваљекано издржа голем притисок од своите соседи и ѝ понуди на Барселона шанса да се доближи до лидерот. Имаше и Рајо свои …
Continue Reading
Гвардиола по големиот јубилеј: Најважен е периодот кога бев во Барселона Б
Пеп Гвардиола со убедлива победа над Ливерпул (3:0) го обележа големиот јубилеј. „Многу добро прво полувреме. Тие притискааа малку повеќе во второто. Малку како да заборавивме да играме, во првите пет или десет минути. Имаа една или две шанси. Генерално, одлична игра, вистинско темпо со топката, дефанзивно исполнети задачи“, рече Гвардиола по натпреварот. „Дефанзивно се поставивме многу добро, бевме добри …
Continue Reading
Норис победи во Бразил, Ферстапен блескаше на патеката, Ферари доживеа дебакл
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е победник на Големата награда на Бразил, 21-та трка од шампионатот во Формула 1. Норис доминираше на патеката Интерлагос, прво победи во спринтот, а потоа се искачи на врвот на подиумот на главната трка. Второто место го освои Андреа Кими Антонели од Мерцедес, а трет заврши Макс Ферстапен иако имаше многу лоша почетна позиција (стартуваше …
Continue Reading
(Видео) Европа е воодушевена од голот на Луис Дијаз
Фудбалерот на Баерн, Луис Дијаз, постигна еден од најубавите и најтешките голови од почетокот на сезоната. Поранешниот играч на Ливерпул е одличен во дресот на германскиот гигант, ја потврди својата добра форма со веројатно најефектниот гол оваа сезона, од вкупно шест што ги постигна во Бундеслигата. Сè што направи во 38-та минута против Унион Берлин беше чисто совршенство на движење, …
Continue Reading