Емери во елитно друштво… со Трапатони, Мурињо и Анчелоти


14002460.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, стана четвртиот менаџер во историјата на УЕФА кој освоил пет европски трофеи.


Емери со причина се нарекува „Кралот на Лигата на Европа“, бидејќи вечерва успеа да го освои овој трофеј петти пат во кариерата.

Прво три пати по ред славеше со Севилја (2014, 2015, 2016), еднаш со Виљареал (2021) и сега со Астон Вила (2026). Само еднаш загуби финален меч во Лига Европа, со Арсенал во 2019 година.

Подвиг за восхит.

Но тоа не е сè. Откако го победи Фрајбург (3:0) со Астон Вила и повторно ја освои Лигата на Европа, шпанскиот стручњак стана четвртиот тренер во историјата кој освоил пет Европски Купа.

Пред Унаи Емери, пет европски трофеи освоија двајца познати Италијанци и еден познат Португалец.

Прво, Џовани Трапатони – со Јувентус еден Куп на шампиони (1985), два Купа на УЕФА (1977, 1993) и Куп на победници на купови (1984) и со Интер Купот на УЕФА (1991).

Потоа Жозе Мурињо – две Лиги на шампиони со Порто (2004) и Интер (2010), Куп на УЕФА со Порто (2003), Лига Европа со Манчестер Јунајтед (2017) и Лига на Конференции со Рома (2022).

И конечно Карло Анчелоти – пет Лиги на шампиони – две со Милан (2003, 2007) и три со Реал Мадрид (2014, 2022, 2024).

Секако, Лигата Европа нема иста тежина како Лигата на шампиони, но секако е голем успех за Емери да биде во одбрано друштво со некои од најголемите тренери на сите времиња во однос на бројот на европски трофеи.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK