Конате си оди од Ливерпул
Покрај Мохамед Салах и Енди Робертсон, уште еден добро познат и важен играч на Ливерпул ќе го напушти клубот. Станува збор за Ибрахима Конате, дефанзивец кој пристигна во 2021 година од Лајпциг и кој имаше понуда за продолжување на соработката, но истата ја одбил. Клубот и играчот не успеале да постигнат договор и Конате ќе го напушти тимот како слободен …
Continue Reading
Светскиот шампион го поднесе списокот
Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, го објави списокот на играчи на кои смета за претстојното Светско првенство. Актуелниот шампион нема посилна генерација од претходната, особено затоа што Лионел Меси е четири години постар. За Меси ова ќе биде шести Мундијал во кариерата. Но, недостасуваат имиња во соблекувалната и на теренот, како на пример, Анхел ди Марија, Пауло Дибала …
Continue Reading
Мафијата сакала да го киднапира Ван Бастен, се откажале за да не му помогнат на Интер против Милан
Марко Ван Бастен е една од најголемите легенди на светскиот фудбал, а својата кариера ја одбележа играјќи само за два клуба. Професионална кариера ја започна во Ајакс во 1981 година, пред да се пресели во Милан во 1987 година, каде што остана до крајот на кариерата во 1995 година. Во ерата на Силвио Берлускони, Холанѓанецот беше клучен играч и најголема …
Continue Reading
Алегри ќе го наследи Конте во Наполи
Антонио Конте си замина, а Масимилијано Алегри е новиот тренер на Наполи. Алегри, во понеделникот доби отказ во Милан, поради катастрофалниот финиш на сезоната, а клубот остана без пласман во Лигата на шампионите. Конте, пак реши да го напушти Наполи по две успешни сезони и покрај тоа што имаше договор до јуни 2027 година. Италијанските медиуми објавија дека Алегри ги …
Continue Reading
Капитенот сака да го напушти Манчестер Сити
Капитенот на Манчестер Сити, Рубен Дијаш (29), наводно им рекол на своите менаџери да му најдат нов клуб. Како што објавија некои извори, Португалецот верува дека е време за нови предизвици откако Пеп Гвардиола го напушти клубот. Дијаш дојде како голема желба на Пеп Гвардиола, под чија команда стана еден од најдобрите стопери во Премиер лигата и Европа. Португалецот пристигна …
Continue Reading
Нејмар ќе го пропушти првиот натпревар на Светското првенство
Нејмар ќе го пропушти, како што стојат работите, првиот натпревар на репрезентацијата на Бразил претстојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада. На 14 јуни, Бразил ќе игра против Мароко во Групата Ц, а според последните информации објавени од шефот на медицинскиот тим на Бразил, Анчелоти нема да може да се потпре на ѕвездата на тимот за тој дуел. Докторот …
Continue Reading
Најлошиот тим во Лигата на шампионите заработи повеќе од победникот во Конференциската лига
Кристал Палас, победникот на третото место по рејтинг и квалитет европското натпреварување, Лига на Конференции, заработи 20,4 милиони евра за постигнатиот успех. Сепак, оваа награда е речиси симболична, во споредба со она што го заработија учесниците во Лигата на шампионите. За илустрација, тимот на Каират од Казахстан заработи 800.000 евра повеќе од победникот на Конференциската лига, гореспоменатиот Палас, само од …
Continue Reading
Куман го објави спискот на Холандија за СП
Роналд Куман, селектор на холандската фудбалска репрезентација, го објави списокот на играчи за претстојното Светско првенство. Опоравениот Мемфис Депај е на списокот, додека најголемо изненадување е отсуството на играчот на Ливерпул, Џереми Фримпонг. Депај беше еден од тројцата играчи кои неодамна се опоравија од повреди, а Куман ги стави на спиското за планетарната смотра. 32-годишниот напаѓач, кој игра за бразилскиот …
Continue Reading
Кориере дела Сера: Тепачката меѓу Алегри и Ибрахимовиќ не е најшокантната работа во Милан
Во последните неколку дена, од Милан доаѓаат две приказни за хаос во клубот. Едната вклучува физичка пресметка меѓу Златан Ибрахимовиќ и Макс Алегри, поголема ескалација на тепачката спречил спортскиот директор Игли Таре, а втората е шокантно тврдење дека клубот се надевал дека нема да успее во борбата за Лигата на шампионите. Иако веќе некое време се шпекулира за големи тензии …
Continue Reading