Атлетико му одговори на Реал: „Нè смеете повеќе од Барселона“
Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид одговори со соопштение на соопштението на Реал Мадрид. Кралевскиот клуб објави дека „јорганџиите“ одбиле понуда од 150 милиони евра за Хулијан Алварез. „Официјално соопштение со наши појаснувања во врска со официјалното соопштение на нашите соседи: 1. Го прекинавте видеото со Папата на местото каде што вели дека е и навивач на Атлетико. 2. Се чини дека …
Continue Reading
(Видео) Шампионот е подготвен, а исто така и Меси
Во последниот натпревар пред почетокот на Светското првенство, Аргентина го победи Исланд со 3:0 во Обрн, Алабама. Последните 20 минути ги одигра и најдобриот Аргентинец, Лионел Меси. Меси, кој имаше проблем со повредата е здрав, влезе на теренот против Исланд и постигна гол од пенал во 72-та минута. Аргентинците поведоа со голот на Валентино Барко во осмата минута. А конечните …
Continue Reading
Бенфика го потврди заминувањето на Мурињо и ангажманот на Марко Силва
Фудбалскиот клуб Бенфика, доцна синоќа, потврди дека Реал Мадрид ги платил бараните 15 милиони евра отштета за тренерот Жозе Мурињо. „Реал Мадрид официјално ја потврди својата намера да го ангажира Жозе Мурињо за отштета од 15 милиони евра, тренерот даде согласност. Ти благодариме Жозе“, рекоа од Бенфика. Неколку минути подоцна, португалскиот клуб објави дека наследникот на Мурињо на клупата е …
Continue Reading
Нан доби нестварна сума за да игра за Катар
Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан, е во последна фаза од преговорите со Катарската кошаркарска асоцијација и ќе стане репрезентативец на таа земја. Според Харис Ставру од грчкиот „Спорт24“, кошаркарот на Панатинаикос ќе потпише петгодишен договор вреден 30 милиони долари и ќе стане натурализиран играч на репрезентацијата на Катар. „SDNA“ наведува дека на Нан му е понуден договор вреден 10 милиони …
Continue Reading
Атлетико од Реал одбил 150 милиони евра за Алварез
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објави дека испратил понуда од 150 милиони евра до градскиот ривал Атлетико Мадрид за напаѓачот Хулијан Алварез. „Кралскиот клуб“ изјави дека по состанокот на клупските челници, била испратена понуда од 150 милиони до Атлетико Мадрид за Алварез, но дека таа била одбиена. Флорентино Перез победи на неодамна одржаните избори и остана на чело на Реал и …
Continue Reading
Со специјални покани од ИХФ, Турција и Саудиска Арабија ќе настапат на Светското првенство
Во конкуренција со Унгарија, Австрија и Швајцарија, Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) одлучи спротивно на сите логики и правила, според критериуми што никому не му се јасни, да им додели посебни покани за настап наСветското првенство во Германија следната година на Турција и Саудиска Арабија. Ракометот во овие земји ниту се шири, ниту има тенденција да расте, но сепак челниците на …
Continue Reading
Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА
Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, покрена кривична и граѓанска постапка во француските судови против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Француската легенда, тврди дека Инфантино бил вмешан во неговото отстранување од трката за највисоката функција во светскиот фудбал. Платини, еден од најдобрите фудбалери на својата генерација и некогаш прв фаворит да го наследи Сеп Блатер на чело на ФИФА, беше …
Continue Reading
(Видео) Американците ги третираа фудбалерите на Узбекистан и Сенегал како криминалци
Репрезентативците на Сенегал и Узбекистан преживеаја вистинска тортура во Соединетите Американски Држави. Узбекистанците, пред пријателскиот меч со Холандија, на Менхетн, имаа непријатно искуство. Имено, сите играчи, членови на тренерскиот штаб, службени лица и помошен персонал мораа да поминат низ ригорозна безбедносна проверка штом излегоа од автобусот пред стадионот „Икан“. Постапка што ретко се гледа пред пријателски натпревар. Узбекистанците мораа да …
Continue Reading
Хрватска го има најгрдиот, a Гана најубавиот дрес на Светското првенство
Спортскиот медиум „Атлетик“, објави ранг-листа на дресовите на сите 48 репрезентации учеснички на Светското првенство. Дресовите се рангирани од најубавите до најгрдите, а хрватските навивачи нема да бидат воодушевени бидејќи дресот на репрезентацијата е на последното, 48-мо место. Погледнете ја целата листа ТУКА. „Атлетик“, понуди кратко објаснување за секоја репрезентација, а американскиот медиум пишува дека „Најки“, овој пат утнал со …
Continue Reading