Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објави дека испратил понуда од 150 милиони евра до градскиот ривал Атлетико Мадрид за напаѓачот Хулијан Алварез.
„Кралскиот клуб“ изјави дека по состанокот на клупските челници, била испратена понуда од 150 милиони до Атлетико Мадрид за Алварез, но дека таа била одбиена.
Флорентино Перез победи на неодамна одржаните избори и остана на чело на Реал и веднаш се обиде да го оставри своето предизборно ветување.
Тој претходно нагласи дека, доколку остане претседател, Реал ќе испрати понуда вредна точно 150 милиони во вторник за еден од најдобрите фудбалери во светот.
Атлетико ја отфрли понудата, со порака до Реал дека откупната клаузула на Алварез изнесува 500.000.000 евра.
Алварез пристигна меѓу „Јорганџиите“ во летото 2024 година, во трансфер вреден 75 милиони од Манчестер Сити. Доколку бидат остварени сите бонуси, трансферот може максимално да изнесува 95 милиони евра.
Оттогаш, аргентинскиот репрезентативец е клучен дел од тимот предводен од Диего Симеоне. Тој одигра 106 натпревари за Атлетико со учинок од 49 гола и 17 асистенции.
Минатата сезона, Алварез одигра 49 натпревари, постигна 20 гола и запиша 9 асистенции.
Неговиот договор со Атлетико истекува во летото 2030 година.
Foto/ Depositphotos