Фудбалскиот клуб Бенфика, доцна синоќа, потврди дека Реал Мадрид ги платил бараните 15 милиони евра отштета за тренерот Жозе Мурињо.
„Реал Мадрид официјално ја потврди својата намера да го ангажира Жозе Мурињо за отштета од 15 милиони евра, тренерот даде согласност. Ти благодариме Жозе“, рекоа од Бенфика.
Неколку минути подоцна, португалскиот клуб објави дека наследникот на Мурињо на клупата е Марко Силва, кој пристигна од Фулам и потпиша договор со Бенфика за две сезони.
Реал претходно и официјално ја раскина соработката со Алваро Арбелоа, кој го презеде водството на тимот по Чаби Алонсо.
Мурињо веќе беше во Реал од 2010 до 2013 година.
Ангажманот на Мурињо, во неделата вечерта, го потврди и Флорентино Перез, откако ги доби претсетаделските избори во клубот.
Foto/ Depositphotos