Спасовски: Комуникацијата со граѓаните е најважна

Непосредната комуникација со граѓаните, за секое прашање, за прашање на безбедноста е многу важна. Идејата е Кабинетот во одредени денови да го селиме, наместо во Скопје, еден ден ќе биде во Куманово, Струмица, Охрид, Битола, некој друг град, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на „Фејсбук“. Тој најави дека граѓаните ќе имаат можност на телефонски број или на маил …

Continue Reading

Османи – Гервала Шварц: Дијалогот предводен од ЕУ придонесува за регионалната стабилност

Билатералните перспективи, улогата на Мисијата на ОБСЕ во Косово и дијалогот предводен од ЕУ, беа централните теми на кои разговараа претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни на Северна Македонија Бујар Османи и шефица на косовската дипломатија Доника Гервала-Шварц за време на нивната денешна средба во Приштина, информираат од МНР. Османи истакна дека Северна Македонија и Косово имаат одлични билатерални …

Continue Reading

Шефот на дипломатијата и претседавач на ОБСЕ Османи во посета на Косово

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи денеска ќе престојува во Косово каде што ќе има средби со претседателката Вјоса Османи Садриу, со премиерот Албин Курти, како и со вицепремиерката и министерка за надворешни работи Доника Гервала Шварц. Како што соопшти МНР, на средбите Османи ќе се осврне на поддршката од страна на ОБСЕ …

Continue Reading

„Рамо до рамо до победа“ во Центар Жупа, Дебарца, Струга, Охрид, Пласница и Куманово

– Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска продолжи со средби со граѓаните во општините Центар Жупа, Дебарца, Струга, Охрид, Пласница и Куманово. На денешната средба со граѓаните во општина Центар Жупа беше потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, заедно со Методија Димовски, кои, како што наведуваат од СДСМ, истакнале дека се посветени на заштита и унапредување на …

Continue Reading

Ковачевски-Гир: во услови на геополитички превирања, од круцијално значење е полноправното членство на Македонија во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска имал тет-а-тет средба со евроамбасадорот Дејвид Гир. Како што соопшти владината прес-служба, на средбата е потенцирана важноста од напредокот на евроинтеграциите и оценето е дека скрининг процесот се одвива според предвидената динамика и календарот којшто заеднички е утврден меѓу Северна Македонија и Европската Унија. Заеднички е констатирано дека во услови на геополитички превирања, од круцијално значење …

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска: Сликовницата е сериозна работа, на секоја одделно треба да ѝ се пристапи како на уметничко дело

Сликовницата е сериозна работа и на секоја одделно треба да ѝ се пристапи како на уметничко дело, порачала министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на панел дискусијата „Од буква до приказна“ што се одржа во рамки на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“. – Пред 10 години издавачите се жалеа дека е загрижувачки мал бројот на наши …

Continue Reading

Османи положи цвеќе пред училиштето „Владислав Рибникар“ и им оддаде почит на жртвите во масовното убиство

Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи кој претстојува во Белград положи цвеќе пред училиштето „Владислав Рибникар“ и им оддаде почит на жртвите во масовното убиство што се случи на 3 мај, јави дописникот на МИА од Белград. -Овие промени сите ги чувствуваме. Соочени со оваа незамислива трагедија, клучно е да се здружиме да ја споделиме загубата …

Continue Reading

Османи-Брнабиќ: ОБСЕ ги поддржува реформските напори на Србија

Спроведувањето на реформите, обезбедување на владеењето на правото, слободата на медиумите, човековите права – вклучувајќи ги правата на лицата кои припаѓаат на националните малцинства се главните области во кои ОБСЕ ќе продолжи да и дава поддршка на Србија. Ова го истакнал министерот за надворешни работи и претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи на средбата со премиерката Ана Брнабиќ во Белград. – …

Continue Reading

Бесими-Камер: Македонија има стабилни политики и продолжува по тој курс

Македонија ја задржува макроекономската стабилност и опстојува на реформскиот процес, истовремено справувајќи се со предизвиците од енергетската и ценовната криза. Минатата година ваквите политики овозможија ММФ да обезбеди пристап до Инструментот за претпазливост и ликвидност, со цел справување со кризата и одржување стабилност на среден рок. Кризата се менаџира од страна на Владата и се одржуваат јавните финансии стабилни, а …

Continue Reading