Османи-Брнабиќ: ОБСЕ ги поддржува реформските напори на Србија

brnhabikj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Спроведувањето на реформите, обезбедување на владеењето на правото, слободата на медиумите, човековите права – вклучувајќи ги правата на лицата кои припаѓаат на националните малцинства се главните области во кои ОБСЕ ќе продолжи да и дава поддршка на Србија.







Ова го истакнал министерот за надворешни работи и претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи на средбата со премиерката Ана Брнабиќ во Белград.

– Мисијата на ОБСЕ во Србија ќе продолжи да ја поддржува земјата за понатамошно интегрирање на националните малцинства во српското општество преку директна помош за спроведување на Акцискиот план за реализирање на правата на националните малцинства, нагласил Османи.

Соговорниците, како што информираа од македонското МНР, се осврнале и на суштинската поддршка на земјата од страна на Мисијата на ОБСЕ во Србија и на спроведувањето на Пописот, изборите на совети на националните малцинства, како и на решавањето на прашањата поврзани со Советот на албанското национално малцинство.

Османи и Брнабиќ разговарале и за актуелните локални и регионални случувања, како и за потребата од широк консензус меѓу земјите учеснички во ОБСЕ за излез од ситуацијата во којашто се наоѓа Организацијата.

– Наспроти сите предизвици, задоволство ми е што гледам одлична соработка помеѓу Мисијата на ОБСЕ во Србија и националните власти во рамки на експертизата на ОБСЕ. Се надевам дека ќе продолжите добро да ги користите капацитетите на ОБСЕ, рекол Османи.

Уште една од областите во којашто ОБСЕ ќе продолжи да и дава поддршка на Србија, како што најавил Османи, е и медиумската реформа и Стратегијата за медиуми 2020-2025 и Акцискиот план. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK