Тренчевска: Законот за родова еднаквост не е исто што и Законот за матична евиденција, секој има право на протест

Законот за родова еднаквост не е исто што и Законот за матична евиденција. Законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, односно можноста на трансродово лице да може да ја смени ознаката во матичниот број онаму каде што се обележува родот, а Законот за родова еднаквост се фокусира на унапредување на положбата на жените во општество. Не губиме ништо од …

Continue Reading

Премиерот Ковачевски ја завршува дводневната официјална посета на Берлин

Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, заедно со заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ја завршува дводневната официјална посета на Сојузна Република Германија. Владината делегација претпладнево ќе одржи средби со претставници на здруженија кои работаат во Германија, а во 11 часот во просториите на македонската амбасада …

Continue Reading

Лукаревска: СДСМ останува меѓу граѓаните, заедно ќе ги креираме следните политики

– Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска беше во Градско, Струмица, во Старо Нагоричане Кочани, Свети Николе, Кичево и Демир Хисар. – Повеќе од три месеци СДСМ е интензивно на терен меѓу граѓаните, таму каде што му е местото. За овој период одржавме 980 средби, се сретнавме со илјадници наши сограѓани, го чувме нивниот глас, нивните забелешки, …

Continue Reading

Определни сме процесот на уставни измени да заврши пред втората меѓувладина конференција, вели Ковачевски

– Определни сме процесот на уставни измени да заврши пред отпочнувањето на втората меѓувладина конференција. И Владата и сите коалициски партнери се посветени на тоа. Ги повикувам пратениците од опозоцијата да се водат од интересите на граѓаните, изјави премиерот Димитар Ковачевски вечерва во Берлин на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц. -Уставните измени се веќе подготвени во Министерството за …

Continue Reading

Ковачевски: Започнато е ново поглавје во нашиот европски пат, од нас зависи дали ќе ја искористиме оваа историска шанса

– Со канцеларот Шолц разговаравме за нашата европска иднина, за отворените можости за економски развој за земјата по членството во НАТО, за отпочнатите преговори со ЕУ, напредокот во скрининг процесот, потпишаниот договор за ФРОНТЕКС, за конкретни реформи, а не како порано, да зборуваме дека сето ова треба да се случи. Разликата за многу кратко време е навистина огромна и видлива. …

Continue Reading

Премиерот Ковачевски со највисоки државни почести пречекан од германскиопт канцелар Шолц

– Германскиот канцелар Олаф Шолц со највисоки државни почести вечерва го пречека премиерот Димитар Ковачевски, кој е во дводневна официјална посета на Сојузна Република Германија. Во седиштето на германската Влада во Берлин, како што е најавено ќе се одржи средба меѓу премиерот Ковачевски и канцеларот Шолц, по што двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Најавена е и вечера на двете официјалните …

Continue Reading

Маричиќ: Копенхашките критериуми најдобар начин за реформирање, да останат единствен услов за напредок кон ЕУ

Копенхашките критериуми се реално најдоброто средство за одбрана од популизмот на Западен Балкан и најдобар начин за трансформација на нашите општества, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ кој, денеска, на покана на министерот за надворешни работи на Кралството Данска Ларс Локе Расмусен, учествуваше на Конференцијата по повод 30-годишнината од Копенхашките критериуми. -Копенхашките критериуми се главниот водич кој го имаме …

Continue Reading

Тренчевска – Дрекслер: Продолжува силната поддршка на патот до ЕУ

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер. На средбата, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Дрекслер ја истакна силната поддршка на патот на земјава до ЕУ, како и поддршката за расчистување на наративот во општеството околу предлог-законите за матична евиденција и за родова …

Continue Reading

Спасовски на логорување во Лазарополе со студентите од Факултетот за безбедност како дел од Отворените денови на МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР, ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, Игор Неделковски, деканот на Факултетот за безбедност – Скопје, Никола Дујовски, проректорите, професорите и претставници од Амбасадата на САД и Мисијата на ОБСЕ, денеска го посетија Кампот за обука на МВР во Лазарополе каде што студенти од Факултетот за бесбедност …

Continue Reading