Петровска во посета на извидниците во кампот на извидничка смотра под мотото „Достигни ги височините“ во Крушево

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вчеравечер во Крушево го посетила кампот на Сојузот на извидници на Македонија кои деновиве под мотото „Достигни ги височините“, ја организираа 13. Македонска извидничка смотра на која учествуваа околу 800 извидници од 16 држави. На младите извидници и љубители на природата, министерката Петровска им честитала што ги негуваат извидничките вредности и градат свет без предрасуди, …

Continue Reading

Битиќи: Сто триесет илјади вработени во јавниот сектор ќе добиваат повисоки плати

– Општиот колективен договор за јавниот сектор, е успех на дијалогот што го водевме со синдикатите, истакна вечерва во интервју за дневникот на телевизија „Сител“, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. – Со ова решение околу 130.000 мои сограѓани ќе добиваат повисоки плати и тоа повеќе нема да зависи од нечија политичка волја. Ставаме крај на политичките превирања, на уцените …

Continue Reading

СДСМ: Финишираат подготовките за нови оперативни активности на терен, централни тимови за детектираните потреби на граѓаните

Организацискиот секретар на СДСМ, Митко Трајчулески на состаноци со општинските организации на партијата и координаторите на планските региони ги финишира подготовките за нови оперативни активности на СДСМ, на терен, со граѓаните, секако прилагодени на летниот период. Рамо до рамо со народот стана одлика на партијата и така СДСМ продолжува и во иднина. Во изминатите три месеци, реализиравме интензивни теренски активности …

Continue Reading

Алиу за новиот нацрт-Законот за висока раководна служба: Овие принципи се основа за градење професионална и политички неутрална администрација

– Овие принципи се основа за градење професионална и политички неутрална администрација, каде политичките цели се исполнуваат преку активности на  вработените во јавниот сектор под раководство на високите раководители, со што се овозможува ефикасност и рационална употреба на ресурсите во остварувањето на поставените стратешки цели и приоритети на Владата и другите релевантни институции од јавниот сектор. Имено, професионализација на структурата …

Continue Reading

Ковачевски-Филибек: Иднината на Северна Македонија е во ЕУ, целосна поддршка од ПЕС за претстојните процеси

– Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска имаше средба со извршниот генерален секретар на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Џакомо Филибек при што двајцата дискутирале за актуелните состојби и предизвици во државава, како и за претстојните процеси. Како што соопштија од владината прес-служба, извршниот генерален секретар на ПЕС, Филибек ги поздрави конкретните чекори на Владата во насока на исполнување на …

Continue Reading

СДСМ: Советот на град Скопје ја прифати иницијативата за преземање на Универзална сала од страна на Министерството за култура

Советот на Град Скопје ја прифати иницијативата на советничката група на СДСМ за предавање на ингеренциите за проектот за реконструкција на Универзална сала на Министерството за култура. Реконструкцијата на Универзална сала предолго време стои во место а за реализација на овој проект обезбедени се средства од државниот буџет. Универзална е симбол на Скопје, симбол на солидарноста и по реконструкцијата таа …

Continue Reading

Битиќи: Отворени сме да дадеме позитивно мислење за ДДВ-то за пелети

 – Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска во изјава за медиумите рече дека како Влада се отворени да дадат позитивно мислење ДДВ-то за пелети да остане пет проценти. – Пелетите се едни од огревните продукти кои ги користи населението. Како Влада сме отворени да дадеме позитивно мислење за петте проценти без разлика од каде доаѓа иницијативата, рече Битиќи по …

Continue Reading

Усвоен е амандманот на СДСМ во Град Скопје за повисоки плати за вработените во градската администрација

На предлог на советничката група на СДСМ, денеска Советот донесе одлука за пренамена на средства од Буџетот за повисоки плати за вработените во Град Скопје. Согласно одлуката, од ставката Привремени вработувања се одземаат 12 милиони денари и истите се префрлуваат на ставката Основни плати. Со ова, се обезбедуваат повисоки плати за 5.000 денари до крајот на годината, за 470 лица …

Continue Reading

Маричиќ: Нова европска финансиска поддршка за три проекти со вкупна инвестиција од 98.9 милиони евра

– Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување официјално го извести вицепремиерот за европски прашања и Национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ за трите проекти кои беа одобрени на 30 јуни 2023 година на состанокот на Оперативниот борд на Инвестициската рамка за Западен Балкан. -Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), во која аплицираме на секој повик и во која имаме …

Continue Reading