Маричиќ: Добредојде за премиерот на Ирска, Лео Варадкар

Маричиќ-Добредојде-за-премиерот-на-Ирска-Лео-Варадкар.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вицепремиерот Бојан Маричиќ денес го пречека премиерот на Ирска, Лео Варадкар, кој е во официјална посета на земјата.

„Денес му посакав добредојде во Скопје на премиерот на Ирска, Лео Варадкар“, рече Маричиќ.

Варадкар е во посета на Северна Македонија, која е дел од посетите на трите земји кандидати за членство во ЕУ од регионот.

Неговата посета на Западен Балкан доаѓа во време кога продолжуваат преговорите за проширување на ЕУ.

Маричиќ оценува дека посетата е позитивен сигнал за европската перспектива на регионот и државата.

На билатералните средби со премиерот Варадкар ќе разговараат за локалните и регионалните безбедносни прашања, како и за процесите што се во тек за членство во ЕУ.

Тема на разговор ќе бидат реформите потребни за влез во ЕУ, предизвиците на Западен Балкан, војната во Украина и Газа, како и споделувањето на искуството и знаењето за тоа како побрзо да стасаме до Европската Унија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK