(Видео) Ковачевски – Санчез: Шпанија силно стои зад Северна Македонија за членство во ЕУ
На маргините на Самитот на Европската политичка заедница, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски оствари билатерална средба со домаќинот на Самитот, шпанскиот премиер Педро Санчез. Соговорниците разменија мислења и информации за актуелните состојби во Европа, и во регионот на Западен Балкан. Како што известува владината прес-служба, премиерот Ковачевски го запознал шпанскиот премиер Санчез со најновите внатрешно-политички состојби …
Continue Reading
Маричиќ: На голема врата се враќа проширувањето на ЕУ, со јасен план
Денеска на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска формално му беше врачен документот за Унапредување на постепената интеграција за Западен Балкан, од страна на амбасадорот на Република Австрија во земјава, Н.Е. Мартин Памер. – Ова внесува нова динамика на преговарачкиот процес и ја прави уште подостижна нашата цел за членство во ЕУ до 2030, рече Маричиќ на состанокот. Тој …
Continue Reading
(Видео) Ковачевски – Руте: Северна Македонија направи многу, треба да го направи последниот чекор на патот кон ЕУ
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Гранада, Шпанија во рамките на Самитот на Европската политичка заедница се сретна со премиерот на Холандија, Марк Руте. Како што известуваат од владината прес служба, на средбата било истакната поддршката на Холандија која е меѓу најголемите билатерални донатори на Северна Македонија и во континуитет помага во реформите на повеќе …
Continue Reading
Зајкова: ЛДП посветено работи на интересите на граѓаните, трошоците за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан се намалија за 30 проценти
Барањата на Либерално-Демократската партија која посветено ги брани интересите на граѓаните на Западен Балкан се исполнија, така што од 1-ви октомври 2023 година трошоците за Роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан се намалија за 30 проценти, вели претседателката на ЛДП Моника Зајкова. -На овој начин се воведува нова ера на подостапна, безгранична комуникација, со што се подобрува секојдневниот живот на …
Continue Reading
Грковска- Саенз: Продолжува поддршката од UN Women за јакнење на женското лидерство во борбата со корупцијата
Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Славица Грковска, одржа средба со Елиса Фернандез Саенз, заменик-регионална директорка на UN Women за Европа и Централна Азија, на која присуствуваше и раководителката на Канцеларијата на UN Women во Северна Македонија, Весна Ивановиќ Кастаред. Грковска се заблагодари за севкупната поддршка од UN Women за активностите на Кабинетот за политики за добро …
Continue Reading
Грковска: Целиме кон уште повисоко ниво на транспарентност и одржлива свест за нејзината важност
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, се обрати на втората јавна расправа за нацрт Стратегијата за транспарентност 2023-2026, која се одржува во Велес, организирана од Кабинетот за политики за добро владеење, во соработка со Фондацијата Метаморфозис. „Ако корупцијата е болест, транспарентноста е централен дел во нејзиното лекување“. Со овој цитат на поранешниот генерален …
Continue Reading
Битиќи и Бектеши на средби во ЕБРД: Поддршка за реализација на енергетски проекти за забрзана енергетска трансформација
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Лондон остварија средба со генералната директорка во Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за одржлива инфраструктура, Нандита Паршад. На состанокот на кој присуствуваше и генералниот директор на „НОМА Гас“, Бајрам Реџепи, главен фокус беа активностите и проектите кои со поддршка на ЕБРД се реализираат во …
Continue Reading
Спасовски по повод „Детската недела“ на најмладите им го објасни значењето на полицијата во општеството
Во рамки на „Детската недела“ која се одбележува секоја прва недела во месец октомври со цел развивање на општествената активност за афирмација на заштитата на децата, а како продолжение на проектот „Отворен кабинет“ на Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски го отвори својот Кабинет за децата од Јавната општинска установа – детска градинка „Ангел Шајче“ од Куманово, која работи …
Continue Reading
Герасимовски, Ковачевски и Тренчевска во посета на новите занимални во градинката „13 Ноември“ во објектот Парк
По повод 45 години од основањето на објектот „Парк“ дел од градинката „13 Ноември“, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со претседателот на Владата Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ја посетија градинката каде неодамна беа извршени реконструктивни зафати. Станува збор за молерисување на сите простории во градинката, набавка на нови детски шкафчиња, масички, …
Continue Reading