Мицкоски: Со измените на Кривичниот законик СДС и ДУИ создадоа можност да се амнестираат самите

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека правосудниот систем во земјава е во одреден дел контаминиран од страна на поранешната влада на СДС и ДУИ, особено во делот на измените на Кривичниот законик. Според него, некои лица од претходната власт можат да се повикуваат на поповолни закони, што како што вели тој, е најголемиот проблем, затоа што создале правна основа за сопствена …

Continue Reading

Мицкоски најави лидерска средба на која би се зборувало за укинување на техничката влада

Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, на која би станало збор и за укинување на техничката влада. Мицкоски изјави дека не би влегувал во процес на укинување на техничката влада без политички консензус, оценувајќи дека ваквите промени треба да се носат со согласност на сите релевантни политички чинители. Тој …

Continue Reading

Мицкоски за бугарската формулација „достапен јазик“ наместо македонски: Не е во прашање само Уставот, туку редефинирање на македонскиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, ја коментираше формулацијата „достапен јазик“, наместо македонски јазик, што ја употреби Министерството за надворешни работи на Бугарија. „Не ме чуди, ги потврдуваат тезите дека Бугари во Устав не е единствено барање, туку комплетно редефинирање на македонскиот идентитет. Но, ова се денови кога треба да простуваме, да се сплотуваме како нација. Како народ ќе …

Continue Reading

Стоилковиќ со божиќна честитка: Празникот да биде поттик за духовна смиреност и заемна почит

По повод големиот христијански празник Божиќ, потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, упати честитка до сите верници од христијанска вероисповед, нагласувајќи дека празникот ја носи пораката на љубов, надеж и човекољубие. Во честитката, Стоилковиќ истакна дека Божиќ е поттик за духовна смиреност, заемна почит и зајакнување на општествената кохезија, посочувајќи дека празничните денови треба да …

Continue Reading

(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција. „Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат …

Continue Reading

Кога криминогеноста на Заев ќе се спои со сервилноста на Филипче се добива ново соединение ЗаеФче, кое не знаете дали е опозиција во Македонија или во Србија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Чаршаф соопштенијата пратени од Белград, напишани од екс советникот на Заев, Башанoвиќ, со претежна анализа на политичката сцена во Србија, Венко го прави опозиција на батерии во Србија, а не во Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ не се меша во политичките состојби во Србија и за нас единствен интерес е интересот на македонските граѓани. Но опседнатоста на Венко со Србија, …

Continue Reading

Орце Ѓорѓиевски: Нема компромис со загадувачите, изречени глоби oд 53.000 евра

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска се обрати на вонредната седница на Советот на Град Скопје, посветена на загадувањето на амбиенталниот воздух и неговите причинители, истакнувајќи дека нема компромис со загадувачите и дека институциите преземаат конкретни и засилени мерки за заштита на здравјето на граѓаните. На седницата, како што беше посочено, се дискутирало отворено и конструктивно, без политиканство, со …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Со промоцијата и испораката на опремата за справување со цврстиот отпад правиме исчекор кон почиста животна средина

Денес испраќаме силна и недвосмислена порака дека чекориме напред – од систем кој со децении беше запоставуван, кон современо, одржливо и европско управување со отпадот. Со промоцијата и испораката на новата опрема за справување со цврстиот отпад, правиме конкретен чекор кон почиста животна средина, повисок квалитет на живот и посилна заштита на здравјето на граѓаните, изјави премиерот Христијан Мицкоски. „Оваа …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Среќа што СДС не е на власт, инаку ќе бевме кандидати за влез во ЕУ како малцинство во Бугарија, кое зборува бугарски јазик и има бугарска историја

СДС не се на власт поради тоа што го погазија македонскиот идентитет, јазик и историја. Го променија знамето, името и Уставот. И кога СДС говори за евроинтеграции најголемиот успех е сликата од авионот, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Нивните “успеси” се срам за македонските граѓани. Среќа што СДС не е на власт, инаку ќе бевме кандидати за влез во ЕУ како малцинство …

Continue Reading