Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии


markov-06.08.2026.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Единствениот кој треба да одговара е Венко Филипче, кој свесно хушка и стимулира млади деца и води политика на креирање тензии и инциденти. Венко Филипче јавно призна дека организирал група, како што тој ги нарекува, деца, свесно и безобѕирно да создадат и искреираат инцидент, жртвувајќи ги и пуштајќи ги низ вода, изјави Петар Марков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.


За среќа, додава тој, народот на Ново Село беше на настанот со премиерот, каде што во огромен број изрази поддршка и не дозволи инцидент, со мирно и совесно однесување.

„И потребата на Венко Филипче да се врати од одмор на јахтата на Заев и да се обрати токму од Ново Село е само поради желбата да привлече внимание, откако сè појасно е дека талогот од СДС падна на ниски гранки и се занимава со создавање инциденти, наместо со работа“, рече Марков.



Додека Венко Филипче се занимава со хушкање, инциденти и организирање деца, додаде тој, денес Владата и премиерот Мицкоски обезбедија 149 милиони евра за градба на пруга кон Бугарија, проект кој беше заглавен од криминалната Влада на Заев и на Филипче.

„Тие сакаат да се зборува за насилство, а не за работа. Венко донесе бугарски ултиматум и предавства, а премиерот Мицкоски обезбеди 149 милиони евра инвестиции за развој на Македонија. Има разлика. И сосема на крај, сега е совршено јасно дека талогот во ова општество е Венко Филипче, човек без кредибилитет, без програма и со желба за инциденти и талог кој е подготвен да жртвува и млади деца, за да и ја одземе иднината на Ново Село и Македонија и да си обезбеди фотелја и привилегии. Тој е прочитана книга, а жителите на Ново Село испраќаат порака дека оваа политика е поразена и дека нема иднина. Впрочем во текот на утрешниот ден ќе успеете да погледнете и разберете кои се децата што Венко Филипче ги нарече деца на Македонија, а со самото тоа ќе успеете да ја процените неговата состојба на ум“, речеМарков.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK