(Видео) Петрушевски: СДС и ДУИ во Тетово донесоа измени во ДУП со кои директно му овозможија бизнис од 200 милиони евра на прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака

На прес-конференција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски обвини дека во 2020 година во Тетово биле донесени измени на деталниот урбанистички план со кои, како што рече, било овозможено реализирање на бизнис вреден 200 милиони евра. Според него, станува збор за просторот на поранешниот комбинат ШИК Јелак, кој бил откупен од Миодраг Давидовиќ преку фирмата „Јелак Градба“.  Петрушевски тврдеше дека …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Заев ниту тогаш, ниту сега ги негираат снимките на кои Давидовиќ – Дака вели дека на Заев му дал 300.000 евра и 2.000 метри квадратни земјиште

Поврзаноста на владата на СДС под водство на Зоран Заев, била длабоко поврзана со контроверзниот проруски бизнисмен, Миодраг Давидовиќ – Дака, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Ова беше познато и во 2020 кога излегоа аудиоснимките, на кои Дака се слуша како разговара со заевиот партнер од матните зделки, Зоран Милески – Кичеец на кој му вели дека на Заев му дал 300 …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Спасивме проект од пропаѓање, првпат стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи

Денес не зборуваме само за еден инфраструктурен проект. Денес зборуваме за нешто многу поголемо – за поврзување, за стабилност и за иднината на двете држави во рамките на европското енергетско семејство, изјави премиерот, Христијан Мицкоски на поставувањето на камен темелник на 400 киловолтен далековод од ТС „Битола 2“. „Интерконективниот далекувод Битола–Елбасан не е обичен далекувод. Тој е симбол на една …

Continue Reading

Николоски: После 20 години, се полагаат испити за капетан и бродски персонал

После 20 години направивме законски измени и за прв пат овозможиме полагање на стручни испити за капетан на брод и бродски екипаж, што е чекор понапред во професионализација на внатрешната пловидба и подигнување на нивото на безбедност во пловниот сообраќај, истакна денеска од Охрид, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. „Уште кога бев избран за министер за транспорт, се …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Ристоска е политички перформанс насочен кон градење личен наратив на жртва

Оставката на обвинителката Ленче Ристоска е политички перформанс насочен кон градење личен наратив на жртва, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Јавноста има право да знае, дали оваа оставка е чин на принципиелност или политички перформанс насочен кон градење личен наратив на жртва. Вистинската борба за владеење на правото не завршува со избор или неизбор на функција, таа почнува токму тогаш. Наместо декларативни …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Сoцијалдемократскиот сојуз е во изолација и без концепт, Владата останува посветена на реформи и економски раст

ВМРО-ДПМНЕ реагира на ставовите на Венко Филипче, оценувајќи дека Социјалдемократскиот сојуз е во политичка изолација, без јасен концепт и во конфузија поради, како што велат, падот на рејтингот. Од партијата тврдат дека изјавите на Филипче се „небулозни“ и дека наместо да делува како сериозна опозиција, настапува со, како што наведуваат, неконзистентни позиции. Во соопштението се посочува дека Филипче е „синоним …

Continue Reading

Иако сите услoви се исполнети, фирмата на Дака ќе биде исфрлена, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Иако сите услови и законски критериуми беа исполнети за посочената фирма на бизнис партнерот на Заев, Миодраг Давидовиќ – Дака, сепак Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите потребни законски можности истата фирма да биде исфрлена и да нема можност да гради и инвестира во енергетски објекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во реакција на прес – конференцијата на Богданка Кузеска …

Continue Reading

Мицкоски: Од денеска зголемување на платите во образованието за нови 7,5%, што е дел од колективниот договор

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос тоа дека се најавени зголемувања на платите во образованието и кога би можело да се очекува тоа, изјави: „Од денеска ќе имаме зголемување на платите во образованието, што е дел од оној колективен договор којшто го имаме за нови 7,5%. Или што би се рекло, ако почнеме од ноември месец …

Continue Reading

Мицкоски: Ги уверувам граѓаните дека во овој момент состојбата е стабилна, струјата нема да поскапи

Јас ги уверувам граѓаните дека во овој момент состојбата е стабилна и не гледам апсолутно никаква причина за страв од немање енергенси, воведување на не знам какви кризни состојби и во делот на пазарот на електрична енергија и во делот на пазарот на нафта и нафтени деривати. Што ќе се случува за месец, два, три, пет, не знаеме, изјави премиерот, …

Continue Reading