Стојаноски: Сè што ќе договори опозицијата за Изборниот законик ќе прифатиме, сè додека дијаспората може да гласа
ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати договорот што опозициските партии ќе го постигнат за измените на Изборниот законик, сè додека се овозможи дијаспората да гласа на изборите, изјави пратеникот Бојан Стојаноски по денешната средба на работната група. Стојаноски рече дека на средбата било разговарано за ставовите на политичките партии и за предлозите поврзани со гласањето на дијаспората. „Нашиот предлог беше прво електронско …
Continue Reading
(Видео) „СДС и Левица настапуваат синхронизирано, ставовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на Апасиев“, вели Манасиевски
„Ставовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на Апасиев, односно она што го вели СДС, утредента го повторува политичката партија Левица. Веќе се потврдува договорот помеѓу СДС и Левица за координирано дејствување кога станува збор за блокирањето на новиот Изборен законик. Очигледно е дека нивните ставови не се разликуваат, напротив тие се надополнуваат“, кажа Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: „Месеци на практикантство“ конкретна мерка преку која студентите ќе стекнат искуство
Студентите добиваат можност стекнатото знаење за време на студиите да го применат во пракса уште пред нивното дипломирање, работејќи директно во општините, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа се овозможува преку програмата „Месеци на практикантство“ која ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети. Со имплементацијата на оваа програма Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите и спроведува …
Continue Reading
Пенков: Економскиот раст на државата ќе продолжи со новиот ребаланс
Златко Пенков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет посочи дека преку ребалансот ќе се реализираат капитални проекти кој ќе придонесат за развој и напредок на државата. „Правилното насочување на парите во капитални проекти е основата за растот на бруто домашниот производ“, рече Пенков. Пенков истакна дека преку ребаланс на буџет средствата се …
Continue Reading
Стојановски: Со ребалансот се обезбедуваат стабилни финансии и подобар животен стандард на сите граѓани
Мартин Стојановски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет истакна дека ребалансот на буџетот обезбедува услови Македонија да продолжи по патот на економскиот раст, стабилни финансии и подобар животен стандард на сите граѓани. „Денес расправаме за ребаланс во буџетот во период кога светската економија се соочува со многу сериозни предизвици за кои сме …
Continue Reading
Мицкоски: По две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје – Блаце
Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје – Блаце, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на потпишувањето на Договорот за инвестициски грант меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој за изградба на автопатот. Грант средствата во вредност од 30,8 милиони евра се обезбедени преку Инвестициската рамка …
Continue Reading
(Видео) Конески: Студентите од август активно се вклучуваат во работата на општините, практикантството е инвестиција во младите
Програмата „Месеци на практикантство“ ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети. Преку оваа програма студентите ќе добијат можност своето академско знаење да го применат во пракса, работејќи директно во општините, истакна на прес-конференција Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Со реализацијата на овие активности спроведуваме, рече тој, една од мерките предвидени во …
Continue Reading
Алчноста за пари на Апасиев пред реформите, Левица го блокира Изборниот законик, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Апасиев повторно го погази зборот, алчни само за пари Левица го блокираат Изборниот законик, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Левица и Димитар Апасиев докажаа дека нивните зборови не вредат ништо кога ќе дојде време да се преземе одговорност. Иако со консенсуз од сите политички партии беше прифатено она што Димитар Апасиев и Левица го бараа, а тоа е повеќе пари за финансирање …
Continue Reading
Мицкоски: Очекувам зголемување на цената на горивата, ама пак сме држава со најниски цени
Очекувам да имаме зголемување од околу 2 до 2,5 денари за литар за дизел горивото и околу денар за бензините. Но, да почекаме утре Регулаторната комисија да ги каже последните бројки, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што рече, има зголемување на цената на нафтата од околу 5-6 проценти на светските берзи во текот на минатата седмица и благо зголемување …
Continue Reading