(Фото) Мицкоски: Армијата е многу повеќе од униформа, таа е чест, одговорност, дисциплина и посветеност


mickoski-armija.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше во Охрид, во Центарот за обука на вода, каде што се одржа централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата и 34 години од формирањето на современата македонска Армија.


„Со чест и благодарност им оддаваме признание на сите наши војници, старешини и припадници кои со одговорност и достоинство ја извршуваат својата мисија, во служба на државата, нејзините граѓани и мирот“, кажа Мицкоски.

„Армијата е многу повеќе од униформа. Таа е чест, одговорност, дисциплина и посветеност. Таа е силата што стои зад сигурноста на државата и луѓето кои живеат во неа.

Нашата благодарност и почит се упатени кон сите активни припадници, ветерани и сите оние кои низ годините дале свој придонес во градењето на силна и професионална Армија. Честит 18 Август, Денот на АРМ!“, порача премиерот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK