Проблемот со водата во Гостивар е под надлежност на локалната власт. Градските водоводни системи, како и гостиварскиот водовод, се под директна ингеренција на општината, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„А, СДС во Гостивар, е коалиција и дел од локалната власт за што и самиот Венко Филипче си кажа кога бараше што поголем број партиски членови да се мобилизираат за да гласаат на локалните избори за Валбон Лимани.
Затоа што заедно се дел од власта, СДС не бара ниту оставка, ниту го повикува на одговорност Лимани“.
Од владејачката партија нагласуваат дека надлежните истражни органи водат постапка, и целиот случај се истражува, а во предметот веќе се опфатени и веќе се приведени раководители на комуналното претпријатие под чија надлежност е снабдувањето на гостиварци со безбедна вода за пиење.
„Тоа што беше под надлежност на централната власт, во најкус можен рок беше преземено, што резултираше за нецели четири недели градот да се врати во нормала со безбедна питка вода и целосно исчистен водоводен систем.
И кога СДС зборува за шишиња вода, повторно ги прашуваме, колку шишиња флаширана вода однесоа во Гостивар во моментите кога на граѓаните им беше најтешко.
Нормално, ниту едно“.
Додека СДС беше зафатена со ширење хистерија и броење чешми низ државата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од оваа партија, од прв момент беше со граѓаните на Гостивар и ги презема сите мерки за надминување на кризата, а гостиварци секој ден бесплатно ги снабдуваше со вода.
Оттука, според ВМРО-ДПМНЕ, многу јасно е дека срамот е единствено на, како што велат на талогот на СДС, кој освен хистерија, конструкции и паника, граѓаните на Гостивар од нив не видоа ни една капка вода.