(Видео) Мицкоски за ослободителната пресуда за случаите Талир 1 и Талир 2: Конечно правдата е задоволена за ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар по однос на донесената ослободителна пресуда за случајот Талир, рече дека ВМРО-ДПМНЕ беше предмет на политички прогон и агресија на претходната Влада со измислени случаи како Талир 1 и Талир 2. „Мојот став е многу јасен. ВМРО-ДПМНЕ во тој период кога беше предмет на политички прогон …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Со апсењето на Цуна паѓаат во вода обвинувањата на СДСМ за Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави акцијата на полицијата и приведувањето на наркодилерот Александар Лазаров – Цуна и побараа од СДСМ да се извинат и да одговорат дали со своите смутови сакале да му помогнат на бегалецот? „Ја поздравуваме брзата акција на македонската полиција и приведувањето на бегалецот од правдата, Александар Лазаров – Цуна. МВР покажува високо ниво на професионално постапување и бескомпромисна борба …

Continue Reading

СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик и дека свесно го блокираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Пред очите на целокупната јавност излезе вистината дека СДС, Левица и ДУИ се координирани и имаат една единствена цел, а тоа е да не се донесе нов Изборен законик. Лошиот политички …

Continue Reading

Петрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ

„Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ! Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат“, напиша Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи. „Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, …

Continue Reading

Нова ослободителна пресуда за Никола Груевски, гревовите на ДУИ кога беа власт ја суспендираат персоналната правда сега, велат од „Вреди“

Уште едно остварување на ДУИ, нова ослободителна пресуда за Никола Груевски, велат од „Вреди“ Според нив, тоа е уште една потврда дека измените на Кривичниот закон од 2023 година се шаблон за избегнување кривична одговорност. „Не случајно „Вреди“ го прашуваше Бујар Османи дали и зошто се среќавал со Груевски во Будимпешта? Заедничкиот содржател на трајна врска меѓу Ахмети и Груевски …

Continue Reading

Пратеникот Филипче никаде го нема кога се дискутира за суштински прашања за граѓаните и државата во македонското Собрание, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче го нема никаде кога треба да се дискутира и разговара за разни прашања кои ги засегаат граѓаните и државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче, како пратеник кој зема плата од даноците кои ги плаќаа македонските граѓани, не зел збор за ниту една суштинска дебата во Собрание, не учествувал безмалку на сите седници наменети за пратенички прашања. Го немаше …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат намера да се договорат за нов Изборен законик

Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, додава тој, го покажа вистинското лице пред граѓаните кога станува збор за нов Изборен законик. „Едните демек повикаа опозицијата да седне и да разговара, а другите демек …

Continue Reading

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Со изгласувањето на реконструкцијата на Владата, Собранието потврди дека процесот на промените продолжува, велат од Влен. Одкоалицијата наведуваат дека влегуваат во нова фаза на владеење со зголемена одговорност и со кадри кои ги олицетворуваат професионалноста, знаењето и интегритетот. „Професорот Jетон Шасивари ќе раководи со Министерството за правда, Агон Ферати ќе биде министер за односи меѓу заедниците, додека Седат Сулејмани ќе го …

Continue Reading

Македонската дијаспора е жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Блокадите што СДС, Левица и ДУИ ги спроведуваат во Собранието се насочени директно против граѓаните. Најголема жртва на нивната неодговорна политика е македонската дијаспора, која повторно е ставена во втор план поради теснопартиски интереси на СДС Левица и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, СДС, Левица и ДУИ со нивните опструкции на законските решенија што треба да ги олеснат административните процедури …

Continue Reading