(Видео) Стојаноски: Школски прибор намален за 10% на големо, за 15% на мало, јасно означени цени и заштита на семејниот буџет


stojanoski-27.08.2026.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за намалување на цените на школскиот прибор за 10% во трговијата на големо и 15% во трговијата на мало. Во пресрет на почетокот на новата учебна година, ова значи вистинска грижа за граѓаните, родителите, учениците и смејните буџети, каде ќе се купуваат повеќе производи потребни за школската година, а ќе се троши помалку, истакна на прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.


Покрај намалувањето на цените на училишниот прибор, особено важно е, додава тој, што со новата владина одлука се обезбедува и транспарентност во однос на цените.

Трговците се должни, нагласи Стојаноски, покрај новата, намалена цена, јасно да ја прикажат и старата цена на производот, каде како базна ќе се зема цената која важела на 1 јуни 2026 година.

„Тоа значи дека граѓаните ќе можат јасно и транспарентно да видат колкава била цената претходно и колку изнесува намалувањето, така што на тој начин се обезбедува поголема сигурност за потрошувачите и се спречува можноста за манипулации со цените“.

Одлуката ќе важи до 30 септември 2026 година, период во кој граѓаните ќе имаат можност да ги набават производите опфатени со мерката по намалени и јасно означени цени.

„Станува збор за конкретна мерка насочена кон директна поддршка на семејствата во периодот кога нивните трошоци се најголеми поради подготовките за новата учебна година.

Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е родителите да имаат помал притисок врз семејниот буџет, а секое дете да може да ја започне новата учебна година со потребниот прибор.

Ташни, ранци, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелин, фломастери, линијари, дидактички материјали, се што е неопходно за почетокот на учебната година, ќе се купува по намалена цена.

Пониски цени, јасно означени цени и конкретна поддршка за граѓаните“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK