Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет, кажа Мицкоски


depositphotos_13385475_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека Владата донесе одлука за намалување на училишниот прибор пред почетокот на новата учебна година за 10 проценти во трговија на големо и до 15 проценти во трговија на мало, со цел, како што рече, да се олесни товарот на семејниот буџет на родителите.


„Пред два дена на владина седница донесовме одлука за намалување на цените во големопродажбата за 10 проценти, и во малопродажбата до 15 проценти. И тука е опфатен целокупниот училишен прибор. Сè што спаѓа во училишен прибор од тетратки, моливи, пенкала, гуми, блокови, ранци, сето тоа е опфатено со оваа одлука и треба јасно да биде означено брендирано. И оваа одлука ќе трае до 30 септември. Очекуваме на овој начин пред почетокот на учебната година на родителите да им ги олесниме овие почетни училишни денови, односно да може да се генерира заштеда во семејниот буџет. И цениме дека како Влада тоа е корисно што го правиме“, вели Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK