Гиновска: ЗНАМ воведува ред, одговорност и ефикасност во инспекцискиот систем
Директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, посочи дека приоритет во изминатиот период бил создавање професионална, подобро организирана и поефикасна институција, присутна на терен и подготвена да реагира кога се прекршува законот. „Резултатите се мерливи. Во 2025 година се извршени 1.702 инспекциски надзори, донесени 530 решенија, иницирани казни во вредност од 1,46 милиони евра, како и 7 кривични …
Continue Reading
Димитриевски: За идентитетот, јазикот и културата нема да преговараме
Движењето ЗНАМ одржа средба со граѓаните во Гостивар, на која под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“ беа презентирани резултатите од досегашната работа. Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, во обраќањето пред сопартијците се осврна на реализираните проекти, зголемувањето на платите и економскиот стандард, како и на европската интеграција. Тој посочи дека отчетот најдобро се мери …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ до Кузеска: Од Заев и „Северна“ до прифаќање на македонскиот идентитет
Прес-конференцијата на Богданка Кузеска, на која посочила дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, употребува македонски јазик, култура и идентитет, ВМРО-ДПМНЕ ја оценува како „големо признание“ за актуелната Влада. „Со оглед на фактот што доаѓа од партијата позната по тоа што кога беше на власт ги брусеше капаците од шахтите затоа што имале сонце, ја разбираме единствено како …
Continue Reading
Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска истакна дека Владата во изминатите 27 месеци обезбедила околу половина милијарда евра за проекти во општините, преку директно финансирање од централниот буџет. Мицкоски, кој изврши увид во еден од клучните проекти за Скопје, рече дека станува збор за сериозна поддршка за општините и локалната самоуправа. „Од почетокот кога беше оваа Влада избрана, таму некаде …
Continue Reading
Петрушевски: Филипче да објасни зошто молчел за сомнежите за договорот за хеликоптери
Венко Филипче деновиве почна да зборува за сомнежи за криминал во редовите на СДСМ, конкретно во пратеничката група, а зошто го прави тоа и од што е охрабрен, можеме само да се сомневаме, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Реакцијата на Петрушевски следува откако Филипче во јавноста изнесе сомнежи поврзани со пратеничката Славјанка Петровска, поранешна министерка за одбрана, која …
Continue Reading
Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата, од почетокот на својот мандат, обезбедила околу половина милијарда евра за проекти на локалната самоуправа и општините, оценувајќи дека станува збор за сериозна поддршка и политика на Владата од самиот почеток. Мицкоски, кој денеска изврши увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“, посочи дека Владата, општините и локалната самоуправа ги поддржува …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ до ЈО: Проверете ги наводите на Филипче за 37 милиони евра поскап договор за хеликоптери
ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното обвинителство да ги провери јавно изнесените наводи на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со набавката на хеликоптери и договорот за кој, според неговата изјава, била потпишана одлука од поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Филипче јавно изјавил оти Петровска „потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски пред Фон дер Лајен: Бараме процес кој ќе биде фер и заснован на јасни правила
Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на заедничката прес – конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Мицкоски кажа дека денешната средба со фон дер Лајен била отворена, содржајна и насочена кон прашањата кои директно ја определуваат нашата европска иднина. „Разговаравме за реформите, за …
Continue Reading
Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Скопје
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја пречекаа Урсула фон дер Лајен во Скопје, во рамките на нејзината посета на Северна Македонија. „Посетата претставува можност за зајакнување на дијалогот и соработката со Европската Унија, како и за унапредување на европската перспектива на земјата. Посветеноста на реформите и на …
Continue Reading