Петрушевски: Филипче да објасни зошто молчел за сомнежите за договорот за хеликоптери


brane.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Венко Филипче деновиве почна да зборува за сомнежи за криминал во редовите на СДСМ, конкретно во пратеничката група, а зошто го прави тоа и од што е охрабрен, можеме само да се сомневаме, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.


Реакцијата на Петрушевски следува откако Филипче во јавноста изнесе сомнежи поврзани со пратеничката Славјанка Петровска, поранешна министерка за одбрана, која сега е дел од платформата „12.05“, иницијатива за промени во СДСМ.

Според Филипче, Петровска потпишала договор за набавка на хеликоптери кој бил поскап за 37 милиони евра, иако комисијата претходно донела поинаква одлука.

„Внимавајте, ни помалку ни повеќе, Филипче сега открива дека постои сомнеж за криминал тежок 37 милиони евра“, рече Петрушевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Филипче да одговори од кога ги има информациите за случајот и зошто, како што велат, молчел доколку сомнежите и информациите датираат од претходно.

Петрушевски го повика и Јавното обвинителство да ги провери наводите и да отвори предмет, а Филипче да ги достави информациите со кои располага и да биде повикан да ги образложи сомнежите пред обвинител.

„Го повикуваме Филипче, доколку има информации и сомнежи за други вакви случаи, да ги пријави, затоа што веруваме дека има уште такви случаи во неговите редови“, рече Петрушевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK