ВМРО-ДПМНЕ до ЈО: Проверете ги наводите на Филипче за 37 милиони евра поскап договор за хеликоптери


venko-filipche-23-10-26.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното обвинителство да ги провери јавно изнесените наводи на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со набавката на хеликоптери и договорот за кој, според неговата изјава, била потпишана одлука од поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска.


Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Филипче јавно изјавил оти Петровска „потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука“.

Партијата оценува дека станува збор за сериозни наводи кои, според нив, не треба да останат на ниво на политички пресметки, туку да бидат предмет на институционална проверка.

„Доколку постојат сознанија за неправилности или евентуално противзаконско постапување при набавката, надлежните институции мора да ги проверат“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму го повикуваат Јавното обвинителство да ги разгледа наводите изнесени од Филипче и да провери дали постојат основи за сомневање за незаконско постапување при набавката.

Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ го повикува Филипче да ги обелодени информациите со кои располага и да ги достави до надлежните институции.

Од партијата наведуваат дека јавните обвинувања за договор вреден, како што велат, 37 милиони евра треба да добијат институционална проверка и одговор пред јавноста.

„ЈО итно да постапи и да отвори предмет, затоа што правда и одговорност за овој случај мора да има“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK