Мицкоски до Реџепи: Со вашето владеење избркавте 10 илјади луѓе од Брвеница, а сега истите тие ги молите да се вратат и да гласаат на етничка основа
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања одговарајќи на обвинувања на пратеникот на НАИ, Скендер Реџепи за пораките кои се испраќаат за време на кампањата во Брвеница истакна дека никој од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не повикал на етничко гласање. „Околу делот на пораките коишто ги испраќате за тоа што сум зборувал јас кога бев во …
Continue Reading
Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ
Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ, обвини Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Александар Обрадовиќ е балкански мешетар, кој беше советник на Заев, па потоа сакаше и да го стави за директор на ЕЛЕМ, но поради притисокот на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, тоа се запре. Но, во 2021 година, Обрадовиќ станува директор …
Continue Reading
(Видео) Ристовска Додевски: Пет месеци молк од Бетон Герасимовски за небезбедното градење на Водно, жителите без одговор од Општина Центар
„Пет месеци општина Центар нема слух за жителите на улицата Славејко Арсов. Пет месеци молк од Горан Бетон Герасимовски, иако граѓаните уредно алармирале до локалната самоуправа за сериозни урбанистички и инфраструктурни проблеми, кои можат да доведат до големи последици по безбедноста на граѓаните и жителите на оваа улица“, кажа Диана Ристовска Додевски, претседателка на УЖ ВМРО – ДПМНЕ Центар и …
Continue Reading
Мицкоски до жителите на Брвеница: Не дозволувајте да ве делат, и по 1 ноември ќе живеете еден со друг, Македонци и Албанци
Во пресрет на вториот изборен круг за градоначалник на Брвеница во недела, премиерот Христијан Мицкоски вели дека очекува поддршка од жителите без разлика на етничка или партиска припадност. Им порача да не подлегнуваат на етничките поделби и ги повика да гласаат за оние кои сметаат дека ќе им донесат подобри времиња. „Мојата порака кон нив е следна: дека тие ќе …
Continue Reading
Митева: Позитивни економски сигнали од Светската банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот
Светската банка предвидува македонската економија годинава да оствари раст од 3,2 проценти, што претставува зголемување за 0,3 процентни поени во однос на оние претходни проекции, истакна владината портпаролка Марија Митева повикувајќи се на најновите извештаи на Светската банка и Европската комисија. „Ќе започнам со најновиот редовен економски извештај за Западен Балкан на Светската банка, објавен вчера, на 27 октомври, во …
Continue Reading
Вадење документи преку мобилен, без земање слободен ден за чекање по шалтери – Мицкоски за апликацијата m.Uslugi
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати на настан по повод мобилната апликација m.Uslugi, претставувајќи ја како нов чекор во дигитализацијата на јавната администрација, а со цел граѓаните да добиваат услуги побрзо, поедноставно и без непотребно одење по шалтери. Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека преку апликацијата граѓаните ќе имаат пристап до јавни услуги и личен документ на мобилен телефон, а …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да се обидуваат
Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваат, кажа на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче во време на КОВИД кризата постилаше црвени килими за да пречека мала бројка на вакцини донирани од Вучиќ и со хвалоспеви да го поздравува“. Сето тоа, додава Мансиевски, се случуваше затоа што Филипче …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Булевар Борис Трајковски и клучката Момин Поток во завршница, забрзано се работи на ставање во функција на булевар Македонија и првата подземна сообраќајница
„Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните и по години наталожени проблеми, фокусот се стави на реализација на капитални инвестиции, финансиско стабилизирање и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе да биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен превоз, чиста животна средина и квалитетни услуги за …
Continue Reading
Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, финалето треба да биде политичкото пензионирање на Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Промените кои сега ги гледаме во европските држави, пред пет години почнаа токму од Македонија. Прво со падот и заминувањето од власт на Зоран Заев и Венко Филипче како негов министер и најблизок соработник. Потоа, пред две години, со нокаутот на СДС на парламентарните избори и падот на наследникот на Заев, Димитар Ковачевски, конечно, дојдоа промените и Македонија се ослободи …
Continue Reading