Надвор од законот е да има прв вицепремиер, но во коалицијата имаме џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити, рече Мицкоски
Надвор од законот е да има прв вицепремиер, но во коалицијата имаме џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има прв вицепремиер. „Според законот кој е важечки премиерот има заменици. Договорот што го имаме во рамки на коалицијата џентлменски е да имаме прв вицепремиер и тоа ќе биде Изет Меџити, …
Continue Reading
Мисајловски во посета на Командата за операции
Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска беше во посета на Командата на операции во Касарната „Боро Менков“ во Куманово, каде оствари средба со командантот, бригадниот генерал Бесник Емини, началникот на штабот бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски и најодговорните офицери во командата. За време на денешната посета министерот Мисајловски беше брифиран за мисијата и …
Continue Reading
Тошковски: Справувањето со илегалната миграција и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој учествува на министерската конференција во рамки на Салзбуршкиот форум денеска имаше свое обраќање, во кое истакна дека стратешки приоритет на нашата држава е интеграција во европското семејство. „Од наша страна ќе бидат вложени максимални напори за обезбедување на неприкосновено владеење на правото, спроведување на законите и зајакнување на правната држава“, рече министерот Тошковски. …
Continue Reading
Мицкоски поседува часовници од 65 илјади евра – професорска плата или припадност на олигархијата, прашуваат од Левица
Во Анкетниот лист на новиот премиер на Република Македонија се обелодени дека Христијан Мицкоски поседува часовници од над 40 илјади евра и од над 13 илјади евра. Ова откритие предизвикува реакција и загриженост која нè посочува кон отцепеноста на новиот премиер од секојдневните маки кои ги живее населението – наместо човек од народот, повторно со нас владее човек од елитите …
Continue Reading
Пензискиот фонд е нерантабилен – партијата Левица вели дека партиските кадри го довеле пред колапс
Веќе еден месец сè погласни се гласините дека ФОНДОТ за ПИОМ е во очајна состојба и дека едвај може да ги исплати пензиите на пензионерите. Според информациите, исплатата на околу 335 илјади пензии е доведена во прашање. За нивна исплата потребни се околу 1,4 милијарда евра, а овие средства ги нема во ПИОМ, заради што околу 530 милиони евра се …
Continue Reading
Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор, Џанг Ѕуо
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо. На средбата беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете држави се основани врз пријателство и соработка во сите области од взаемен интерес, при што претседателката Сиљановска Давкова изрази подготвеност за натамошно проширување на билатералната соработка и продлабочување на македонско-кинеското пријателство во текот на нејзиниот мандат. Таа …
Continue Reading
Радев: Паднаа маските, власта во Скопје се плаши да препознае „Бугарин“ и „бугарскo“
Маските конечно паднаа. Новата власт кај нашиот сосед јасно покажа дека најголемиот страв на политичката класа во оваа држава е да го препознае самото постоење на зборовите „Бугарин“ и „бугарски“ во РСМ. Ова како што пренесуваат бугарските медиумите, пред новинарите го изјавил бугарскиот претседател Румен Радев. „Сега станува многу јасно зошто во пролетта 2021 година, како претставник на Бугарија во …
Continue Reading
Филипче: Моја главна грижа ќе биде грешките од минатото никогаш да не се повторат
Венко Филипче, кандидат за претседател на СДСМ, на вчерашните средби со граѓаните во Кисела вода и Штип истакна дека СДСМ мора да учи од грешките, а идниот претседател е должен тие никогаш да не се повторат. „Историјата е нашиот најголем учител, но само ако избереме да учиме од неа. Иднината на СДСМ ќе остане заложник на минатото ако не направиме …
Continue Reading
Хоџа по смената на директорката на Токсикологија: Горд сум што кадар како Бесија Иљази докажа дека може храбро да се соочи со антиалбанскиот менталитет во институциите
Претседателот на Европската демократска партија и член на коалицијата „Европски фронт“, Аријанит Хоџа со реакција по разрешувањето на економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази. -Од сите директори што ги разреши министерот за здравство, Арбен Таравари, медиумите на македонски јазик најмногу вревеа за разрешувањето на Бесија Илази. Знаете ли зошто!? Затоа што таа ги продолжи договорите за работа на …
Continue Reading