Потврдена е недвосмислената поддршка за Украина – Муцунски се сретна со украинскиот колега

ukraina-mkd.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, на маргините на 79-то Генерално Собрание на Обединетите Нации (ОН) во Њујорк.



На средбата беше реафирмирана македонската поддршката кон Украина, посочувајќи дека Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина на патот кон зачувување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на средба со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха

Министерот Муцунски истакна дека недвосмислената поддршката кон Формулата за мир, Меѓународните коалиции за основање на трибунал за злосторство, агресија против Украина и за враќање на присилно раселените деца, продолжува и понатаму, како и кон останатите иницијативи и формати за обезбедување на практична помош за Украина.

На средбата стана збор и за билатералните односи, кои соговорниците ги оценја како одлични и позитивни, а беше изразено и задоволство од одличната соработка на мултилатерален план.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK