Кузеска: Конфликтите во Владата ја потврдуваат нејзината неспособност

Снопче и Мицкоски, заедно со Таравари треба да седнат и да работат нешто за граѓаните а не да се расправаат. Владата функционира само кога треба да се договорат како да ја партизираат државата и делат привилегии, за се друго е целосно нефункционална, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Наместо да владеат во интерес на народот, тие го блокираат напредокот, ги …

Continue Reading

И бурекот и јогуртот треба да поевтинат, Пазарната инспекција утре ќе ги контролира бурекчилниците, а задутре трговците на големо

Одлуката за ограничување на профитните маржи на трговците до 10 отсто ги опфаќа и бурекот и јогуртот и белите печива, појасни денес директорот на Државната пазарна инспекција, Горан Трајковски. Граѓани и во Инспекторатот се пожалиле дека нема поевтинување на бурекот и белите печива. „Имаше такви дилеми, но бурекчилниците се опфатени со одлуката за ограничување на маржата, и тоа според Законот …

Continue Reading

(Видео) Митрески: СДСМ бара, Kомисијата за деловнички прашања да биде свикана за одлуката на Гаши, за Законот за бранители

Денес како потпретседател на Собранието предложен од најголемата опозициска партија, врз основа на член 62, став 4 од деловникот, преку архивата доставив допис, барање до претседателот на собранието, господинот Африм Гаши, да ја задолжи комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања и да свика седница каде ќе се толкува примената на членот 126 став 3. Бидејќи апсолутно не се согласувам …

Continue Reading

Ципрас доби награда за мир за Договорот од Преспа: „ЕУ ќе нема кредибилитет ако не го исполни ветувањето“

Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас ја доби наградата за мир за Договорот од Преспа. Наградата „Никос Никофоридис“ ја доделува мировната организација „Обсерваторија за меѓународни организации и глобализација“.   „Како што рековме неодамна со Зоран Заев, треба јасно да ставиме до знаење дека единствениот пат не само за европската иднина, туку и за иднината на самата Северна Македонија како земја …

Continue Reading

Лимани кон младите: Нашите врати се отворени за вас

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, денеска учествуваше на конференцијата насловена „Од Словенија до Северна Македонија: Синергијата на образованието и бизнисот во Северна Македонија, во организација на Амбасадата на Република Словенија, Македонската студентска организација во Словенија и Друштвото на словенечки и македонски стопанственици. Целта на оваа конференција беше на едно место се соберат младите студенти, претставниците на …

Continue Reading

Поранешната директорка на Токсикологија, Бесија Иљази, обвинета за злоупотреба на службената положба

По иницијатива на Државната комисија за спречување на корупција, ОЈО Скопје отпочна постапка против поранешната организациска директорка на Клиниката за токсикологија, за злоупотреба на службена положба, Бесија Иљази. Државната комисија за спречување на корупцијата извести дека Основното јавно обвинителство, по поднесената иницијатива од страна на ДКСК за кривично гонење, ја прифати иницијативата, оформи предмет и отпочна постапка по обвинителен предлог против …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Цените не се намелни, владината мерка нема никаков ефект

Владината мерка за ограничување на маржите на мал дел прехранбени производи нема никаков ефект и не се одрази на намалување на цените. На терен, во маркетите и во разговор со граѓаните заклучокот е дека нема намалување на цените на најголем дел од основните производи, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. „Само еден вид на леб на пример е намален за …

Continue Reading

(Видео) Митева: СДС и ДУИ воошто не воделе сметка за државниот интерес, го донеле буџетот во опасност од арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Според портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, 7 години СДС и ДУИ го гледале само личниот и партиски интерес, наместо државниот. „Покрај тоа што ја ограбиле државата, СДС и ДУИ нанеле трајни штети врз иднината на државата и поставиле Дамоклов меч над буџетската каса тежок 1.3 милијарди евра. Извештајот на ДЗР нотира и се повикува на Координативното тело за следење на …

Continue Reading

Демократски сојуз: Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии

„Долго време се води расправа за законот за бранителите, со кој треба финансиски да се помогнат фамилиите на настраданите бранители во вооружениот конфликт во 2001 година. Предлог-законот, кој е во собраниска постапка, треба да го поддржат сите партии“, велат од Демократскиот сојуз. Од ДС истакнуваат дека е неприфатливо истиот да се користи за меѓупартиски конфронтации и поттикнување на меѓуетнички тензии, …

Continue Reading